8.8 C
Скопје
01:49 - 20 април, 2024

Како Руперт Мардок стана медиумски тајкун: Од чирак во Дејли Експрес до татко на таблоидните наслови

На дваесет и две години, Руперт Мардок наследил австралиски синџир весници по смртта на неговиот татко. Петнаесет години по преземањето на семејниот бизнис и низата аквизиции, Мардок собра портфолио на весници во вредност од повеќе од 50 милиони долари.

принтскрин

Денес Мардок (91) е еден од највлијателните луѓе во медиумската индустрија, со деловни интереси кои опфаќаат телевизиско емитување и филмска продукција, издавање весници книги. Двете империи што ги изгради во изминатите речиси седум децении – NewsCorp и 21st Century Fox работат на пет континенти, а тука се и Вол Стрит Журнал, Фокс Њуз, ХарперКолинс и Њујорк Пост. Но, еве како Мардок претвори мала семејна компанија за весници во два одделни мултимедијални конгломерати вредни милијарди долари.

Наследи компанија за весници, но почнал како чирак

Од многу рана возраст, Мардок бил изложен на на новинарството. Во книгата на Џером Туцил „Руперт Мардок: Креатор на светската медиумска империја“, Мардок објасни: „Пораснав во издавачка куќа, во весник, и претпоставувам дека бев воодушевен од тоа. Го видов тој живот одблиз , по десет или дванаесет години, никогаш не размислував за ништо друго“.

Неговиот татко Сер Кит Мардок ја презел контролата врз News Corp Australia, позната како News Limited во тоа време, во 1949 година. Компанијата првично била основана во 1923 година од Џејмс Едвард Дејвидсон и објавувала неколку популарни весници во Австралија.

Набргу по дипломирањето на Универзитетот Оксфорд во Обединетото Кралство, Руперт Мардок го наследил бизнисот по неочекуваната смрт на неговиот татко. Пред да се врати во Австралија, тој почнал да работи како чирак во Дејли експрес во Лондон, за да научи повеќе за целиот процес за создавање на дневен весник. Станал директор на News Corp Australia на само дваесет и две години.

На Мардок не му требало многу време за да направи промени во весникот што неодамна го наследил. Тој е познат како изумител на „модерниот таблоид“ – односно, неговите весници почнале да се фокусираат на попривлечни наслови, првенствено на скандали и контроверзни приказни. Овој нов пристап кон новинарството предизвикал скок во тиражот на неговите весници.

„Уште го сакам, уништена сум“: Џери Хол проговори за крајот на бракот со милијардерот Мардок

Проширување преку глобални аквизиции

Секојдневните бизниси на Мардок се зголемиле со текот на времето како резултат на повеќекратните аквизиции. Во 1956 година го купил The Sunday Times, весник дистрибуиран во Западна Австралија, четири години откако купил дневен весник во Сиднеј наречен Мирор. Под раководство на Мардок, весникот станал најтиражниот весник во регионот. Кога Мардок имал 39 години, тој го основал првиот национален весник во Австралија.

принтскрин

Мардок почнал да го шири својот деловен интерес надвор од Австралија во 1968 година. Тој се преселил во Англија и купил бројни таблоиди, вклучувајќи ги News of the World и The Sun. Потоа се преселил во САД во 1973 година и повторно направил “шопинг“ на весници. Негов прв „шопинг“ бил „Сан Антонио Њуз“, потоа „Стела“ во 1974 година и „Њу Јорк пост“ во 1976 година.

Harper & Row, компанија за издавање книги, стана дел од семејството NewsCorp во 1987 година. NewsCorp купи уште еден издавач на книги, Колинс, неколку години подоцна. Двата издавачи подоцна беа споени и формираа групација ХарперКолинс.

Телевизија

Во 1981 година, Марк Рич и Марвин Дејвис ја купија филмската корпорација 20th Century FOX. Рич беше обвинет за повеќе кривични пријави кои се движат од даночно затајување и  измама до трговија со Иран за време на ембаргото за нафта. Како резултат на тоа, тој избега од САД. Мардок ја искористи оваа можност и го купи уделот на Рич во компанијата во 1984 година за 250 милиони долари. Тој подоцна го купи преостанатиот дел од Дејвис во FOX за дополнителни 325 милиони долари. А попатно, Мардок купил и голем број независни телевизиски станици. Овие компании подоцна се здружија за да ја формираат компанијата за радиодифузија Фокс.

принскрин

Во 1988 година, Мардок објави дека планира да отвори телевизиска мрежа во Велика Британија. Овие планови станаа реалност на 5 февруари 1988 година, со Скај њуз. Скај њуз до 1997 година беше единствената дваесет и четиричасовна радиодифузна телевизиска станица во Велика Британија. Од своето основање, компанијата трошеше многу пари, па во обид да ги ублажи загубите на компанијата, Мардок се согласи да го спои Sky News со Британската сателитска радиодифузија за да формира BSkyB во ноември 1990 година. BSkyB, сега Sky UK Limited, стана најголемата телевизиска компанија со дигитална претплата во Обединетото Кралство.
Приближно во исто време со спојувањето на Скај, купи телевизиска компанија од Хонг Конг наречена ТВ СТАР за 1 милијарда долари. Станицата ја гледаат над 320 милиони луѓе низ Азија.

Руперт Мардок – шампион во тешка категорија во светот на медиумите

Тој ја изгради својата империја првенствено со спроведување на низа стратешки превземања низ светот.Како син на успешен и многу почитуван сопственик на медиуми, Мардок порасна поголем од татка си, но секоагш знаејќи да ги следи неговите стапки. Поголемиот дел од својот живот го поминал во проширување и диверзификација на деловните интереси на весникот што го наследил. Мардок со децении го користи својот конгломерат NewsCorp. да стекне голем број меѓународно признати медиумски брендови.

Мардок, исто така, го изгради радиодифузниот гигант, 21st Century Fox, од нула. Компанијата управува и со Fox News Channel, доминантна кабелска информативна мрежа во САД.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо
Се вчитува....