22:57 - 22 декември, 2024

Славчо Попоски најавува екстремно високи температури, па мал пад

– Денес, како и во следните денови времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за ретка појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека мал пад на истите ќе има во почетокот од следната недела кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени. Нов позначителен пораст на температурите ќе има од среда па натаму и истите тогаш во најтоплите предели ќе надминуваат дури и 40 степени. Ув – индексот во следните денови и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент 10, па токму поради ова на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности. Во Скопје и околината во следните денови времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога во попладневните часови има помали услови за локална и краткотрајна нестабилност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 31 и 34 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....