8.8 C
Скопје
20:25 - 13 март, 2026

Сите зборуваат за малиот детаљ на наметката која ја носеше Натали Портман (ФОТО)

На овогодинешните Оскари, Натали Портман сакаше да зборува за жените. И тоа не за било кои жени, туку оние на кои неправедно им побегна номинација.

Profimedia

Актерката на црвениот тепих се појави во црно-златен фустан од „Диор“, преку кој носеше наметка за која сите зборуваат. Всушност, таа по рабовите на мантилот имаше навезени имиња на женски режисери кои не добиле номинација за Оскар, а тоа го заслужиле.

„Сакав на суптилен начин да ги истакнам жените чија неверојатна работа оваа година не беше препознаена“, објасни Натали во изјавата за медиумите.

Profimedia

Жените чии имиња се најдоа на креацијата беа Лулу Ванг, која го режираше „The Farewell“, Грета Гервиг која го режираше „Little Women“, Лорен Скафарија која го режираше „Hustlers“, Мелина Метсукас која го режираше „Queen & Slim“, Маријел Хелер која го режираше „A Beautiful Day in the Neighborhood“, Мати Диоп која го режираше „Atlantic“, Алма Харел која го режираше „Honey Boy“ и Селин Шама која го режираше „Portrait of a Lady on Fire“.

Единствена од овие жени која доби номинација на Оскарите 2020 година е Грета Гервиг. Само мажи беа номинирани во категоријата за најдобар режисер, со што уште еднаш е потврден истрајниот и разочарувачки тренд во Холивуд. Сепак, како што прикажува наметката на Натали, неколку жени оваа година се заслужни за неверојатно филмови, но тие сè уште не се препознаени во иста мера како и нивните машки колеги. 

Натали исто така го истакна и непризнавањето на женските режисери на Златните глобуси во 2018 година. Таа ја претстави категоријата за најдобар режисер и рече: „А еве ги и номинираните мажи“.

Само 5 жени во историјата на доделувањето на Оскарите се номинирани за најдобар режисер, а Катрин Бигелов останува единствената жена која ја добила таа титула за „The Hurt Locker“ од 2010 година. За жал, таа статистика се уште се нема променето.

Слични објави

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо
Се вчитува....