1.8 C
Скопје
15:39 - 23 декември, 2024

Шест симптоми на рак на јајниците кои треба да ги откриете додека не е предоцна

Ракот на јајниците е тешко да се забележи во првата и во втората фаза, бидејќи во женското тело сè уште има место внатрешните органи да се поместуваат без видливи симптоми, кои би ја предупредиле жената дека со нејзините гениталии нешто не е во ред.

За време на рестењето на туморот, просторот за органите станува сè помал, па тогаш се јавуваат и првите симптоми.

Еве неколку сигнали што ви ги праќа телото, а кои укажуваат дека боледувате од рак на јајниците.

Надуеност

Колкупати сте почувствувале надуеност, обвинувајќи го за тоа ПМС-от, менструацијата или тешката храна? Меѓутоа, ако забележувате дека стомакот ви е надуен и после циклусот и доколку јадете полесна храна, ви советуваме да се јавите кај вашиот гинеколог.

Грчеви

И грчевите се припишуваат на менструацијата, но тоа не значи дека треба да се игнорираат ако се јават кога немате менструација. Воопшто не е необично туморот што се развива во гениталиите да предизвика болка и грчеви во долниот дел на стомакот, особено што се слични на оние кои се јавуваат во текот на менструацијата.

Болка во грбот

Се чувствува во долниот дел на грбот, бидејќи туморот врши притисок со своето раснење. Како и претходните и овој симптом лесно го игнорираме. Ако знаете дека не сте седеле долго или не сте спиеле неудобно, а грбот и понатаму ве боли, посетете лекар.

Проблеми со дишењето

Еден од симптомите што не се забележува на почетокот на болеста, туку кога туморот ќе влезе во третата, па дури и во четвртата фаза се проблемите со дишењето. Бидејќи туморот во абдоменот и во карлицата станува поголем, почнува да ги притиска околните органи, па така и белите дробови. Ако одеднаш останувате без здив и ако чувствувате напор при дишењето, веднаш одете на доктор.

Ненадејно крварење

Ако крварите меѓу циклусите или откога веќе сте влегле во менопауза, задолжително закажете гинеколошки преглед и ултразвук. Некои тумори повеќе лачат естроген, кој може да предизвика периодично крварење, дури и во менопаузата.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....