7.8 C
Скопје
12:14 - 27 декември, 2024

Шехтанска: „Женски печат“ е мотив плус да се вратам на она што бев, 100 отсто физички активна!

Актерката Катерина Шехтанска вели дека досега се потпирала на дарежливоста на природата кон неа, но сега, кога е на прагот на 40-та, ќе мора да внимава повеќе на негата на кожата и формата на телото.

– Немам некој посебен ритуал, досега ме дарувала природата, ама отсега да му ја мислам. Поради деликатноста на мојата кожа сум била приморана да користам само бебешка козметика, која се покажа како одлична козметика во изминатите години, но сега со полни 39 години се ближам накај четириесеттата, па морам да внимавам повеќе како што си налагаат годинките, да користам козметика која покрај интензивната хидратација на кожата, лифтинг-ефектот, ќе ја храни и штити од иритации и црвенила. Е сега, главниот проблем е што не можев да најдам козметика која е за особено чуствителна, тенка и подложна на алергии кожа, со природен состав без хемикалии кои дополнително може да ми ја влошат состојбата и затоа користев, и уште се потпирам на тоа, домашни маски за лице, пилинг и крема што сама си ги правев – објаснува Шехтанска.

Катерина открива неколку нејзини рецепти за маски за лице и пилинг за тело:

– Како пилинг користев талог од кафе со мед и кокосово масло, чист мед како маска, кокосово масло како крема во летен период. Во зимскиот период, поради сувост, „павловичева“ со кокос и ампули со витамини Ц, Б ,Е, а за отстранување шминка – маслиново масло. Тоа е домашниот ритуал кој е 100 отсто природен и ефикасен, но не и доволен за мене, затоа што лицето ми беше изложено на постојана шминка, која обично гледам да ја одбегнувам. И треба да почнам да користам нешто против брчки – се насмевнува таа.

Козметичари посетува, но не често, последно правела хемиски пилинг во замена на класичен тертман за поттикнување на колагенот на кожата.

Шехтанска додава дека здравиот начин на живот, одморот, режимот на исхрана, редовното вежбање, се главен услов за убава и чиста кожа, за здраво тело и пред сè за здрав ментален склоп.

– Срам ми е дури и да кажам дека некој што вежбал по 12 часа дневно, сега, освен „по дома“, што разнесувам деца по кошарка и балет и постојано трчам некаде, а ни сама не знам каде, единствено ме одржуваат претставите во театар, по некое снимање, фотографирање. Тоа ме одржува ментално, во смисла да размислувам на својот изглед кога ќе претерам со килограмите, да стопирам и да внимавам со внес на калорични производи бидејќи сепак, јас сум голем гурман и сум љубител на месо и чоколади.

Одвреме навреме знае да се врати во сала на аеробик и карате, голем љубител е на боречки вештини, па на тој начин ја „вади“ негативната енергија. Смета дека време е да се врати како инструктор по кик-бокс или аеробик во комбинација на вежби за самоодбрана.

– Ете, „Женски печат“, е мотив плус со овој разговор да се вратам повторно на она што си бев, 100 отсто физички активна.

 

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....