10:20 - 13 април, 2026

Шефот на службата за јавно здравје на Америка очаен, ја повикал Кајли Џенер да ја контролира младината!

Во екот на пандемијата на коронавирусот луѓето се загрижени за своето здравје, а иако докторите ги советуваат луѓето да се чуваат себеси и своите блиски, голем број млади не го почитуваат тоа бидејќи самоизолацијата и дистанцата од друштвото тешко им паѓа.

Поради тоа, шефот на службата за јавното здравје на САД, Џером Адамс, кој гостувал во емисијата „Добро утро Америка“, ги повикал сите инфлуенсерки, а особено се осврнал на Кајли Џенер, која на Инстаграм има 166 милиони следбеници, со своите објави да помогнат да се освестат младите за сериозноста на ситуацијата.

– Особено е тешко со деца од 14, 15 години. Што и да им кажеме, тие не се придржуваат до тоа – рекол Џером.

Додал дека младите генерации го игнорираат карантинот, а не се свесни дека и ним им се заканува опасноста од зараза со коронавирусот, која можат да ја пренесат на оние најранливите.

– Новите податоци од Италија упатуваат на тоа дека младите луѓе можеби се изложени на поголем ризик одошто се мислеше. Но, дали размислувате на своите баби, дедовци, размислете на фактот дека ширите болест која може да ги убие – заклучил Адамс.

View this post on Instagram

HQ days ??

A post shared by Kylie ? (@kyliejenner) on

Слични објави

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.
Се вчитува....