1.8 C
Скопје
03:16 - 14 март, 2026

Работи кои никако не смеете да ги фрлате во одводот од мијалникот: Ќе направите вистинска катастрофа во вашата кујна!

Поради тоа што тоа што го фрлате во одводот од мијалникот може да влијае на канализационата и водоводната инсталација во вашиот дом, тоа многу влијае и на животната средина…

Доколку не сакате да ја загрозите животната средина, и да си го затнете одводот, не дозволувајте овие работи да завршат во канализацискиот одвод од вашиот мијалник.

Маст, масло – со тек на време ќе се запуши цревото, тешко ќе ја отстраните од мијалникот, а една капка маснотија може да загади и до 5 литри чиста вода.

Лушпи од јајце – лушпата од јајце е тврда и тешко се разградува. Тие можат да направат пречки во цевките на кои ќе се задржуваат остатоци од храна, па доаѓа до запушување на одводот.

Талог од кафе – се зголемува ризикот од запушување на одводот, но и септичките јами. Талогот од кафе е одличен компост, па ви предлагаме да го фрлите во градината, а не во сливникот.

Храна која се зголемува кога ќе се натопи – тестенините или пак оризот двојно ќе пораснат, кога ќе се „напијат“ вода. Потоа ќе станат лепливи и ќе ги затнат одводите.

Брашно – кога ќе го измешате брашното и водата, добивате лепак кој ќе се залепи на одводот и нема шанси да го отпушите после ова.

Фото: Профимедиа

Етикетите кои се наоѓаат на овошјето – додека ги миете јаболките, се случува етикетата да падне во одводот. Тоа избегнувајте го, бидејќи етикетите се направени така што не се разградуваат речиси воопшто.

Производи од хартија – тоалетната хартија е создадена за да се разградува во водата, но останатите производи не смеат да се фрлаат во одводот бидејќи не се разградуваат.

Лекови – лековите се сметаат за опасен медицински отпад и се разградуваат во водата, но ја загадуваат. Токму затоа никогаш не ги фрлајте во одводот.

Како да го исчистите одводот и да ја спречите миризбата од истите?

Секоја вечер, кога ќе ги измиете садовите, земете малку детергент за садови и со сунѓер исчистете го целиот мијалник. Пуштете чиста вода да тече низ сливникот.

Истурете малку сода бикарбона околу сливникот, потоа прелијте ја со 100 мг бел, алкохолен оцет и оставете 5 минути да делува, потоа пуштете врела вода да пројде низ сливникот.

Слични објави

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova
Се вчитува....