10.8 C
Скопје
07:43 - 25 октомври, 2026

Пусти лаги душа ми исушија

Дами мои, дами убави, дами паметни… го знаете ли оној бледо-зелен поглед, збунети фацијални мускули и уста видно згрчена? Трепкање стопати во секунда, малку молк, малку чешање и кај што не ги чеша?

Го знаете ли она чувство кога личноста на која сте ѝ поставиле прашање, глуми за Оскар дека не ве слушнала, па одлично сценски одиграно ви вели да повторите со цел да си даде време за нова експрес-лага.

А го знаете ли погледот кој не гледа директно во вас, туку во пајажината на таванот? Го знаете ли експлозивното реагирање и повишениот тон со кој лажгото со последни сили вешто ја игра својата улога во драмата?

Сте се запознале ли со цупкањето во место, чудниот сјај во очите и неартикулираното движење и наметнувањето на вина или нова тема во обид да се сокрие лагата? Претање со рацете… А што ќе кажете на горделивиот став кога за тоа воопшто нема потреба?

Доколку не знаете што ви зборувам, ви завидувам! За сите останати еве го одговорот…

Да, дами мои, дами најубави и дами најпаметни, тоа е лицето на лагата. Лицето и однесувањето на еден лажго. Лицето кое ве лаже и нема намера да престане. Не боли лагата, боли душата.

Зборувам за блиски личности, не за познаници, ниту за туристи кои прошетале во вашиот живот и заминале. Токму тоа боли.

Лицето кое не ве почитува, не заслужило ни да ве сака. Лице кое не треба повеќе да ве засега и лице кое наместо со Оскар треба да го испратите на нова драмска секција. Да научи нешто за себе, за животот и љубовта, за вредностите, за душата…

Не боли лагата на која не ѝ верувам, боли душата.

Боли душата која сè уште потајно се надева дека тоа не било лага. Боли, не прекинува, дами мои, дами најубави, дами најпаметни, свртете ѝ грб на лагата. Нека овене, нека пресуши, за душата да не ви ја исуши…

Слични објави

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо
Се вчитува....