7.8 C
Скопје
05:16 - 2 април, 2026

Пред почетокот на кризниот состанок: Принцовите Хари и Вилијам се огласија со заедничко соопштение

Принцовите Хари и Вилијам објавија заедничко соопштение пред почетокот на кризниот состанок

Британските принцови Вилијам и Хари објавија заедничко соопштение во кое ги негираат наводите за „злоставување“, по известувањата на медиумите дека Хари се чувствувал малтретиран и дека поради тоа го напушта кралското семејство. Соопштението е објавено само неколку часа пред кризниот состанок со кралицата во Сандрингам, пренесува Мирор.

„И покрај јасното негирање, лажната приказна е објавена денеска во британските медиуми, а во неа се шпекулира за односот меѓу војводата од Сасекс и војводата од Кембриџ. За браќата кои толку длабоко се грижат за прашањата поврзани со менталното здравје, употребата на таква реторика е навредлива и штетна“, наведено е во соопштението на двата брата.

Денеска исто така е објавено дека Хари и Меган имаат план за кризниот состанок. Тие планираат да комуницираат преку WhatsApp за време на состанокот, пренесува Мирор.

Се наведува дека Меган му рекла на Хари дека за неа престојот во кралското семејство „не функционира“, а на Хари му се „крши срцето“ што е ставен во позиција да мора да бира меѓу неа и својата баба, кралицата Елизабета Втора.

 

 

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....