7.8 C
Скопје
22:41 - 31 март, 2026

Пакистанскиот Хулк бара жена, но мора да има барем 100 килограми! (ВИДЕО)

Пакистанскиот дигач на тегови, познат по тоа што влече трактори со коноп и подига автомобили со една рака, вели дека одбил бројни невести, бидејќи не го поминале неговиот тест.

Арарб Кизер Хајат доаѓа од Мардана, северот на Пакистан, висок е 197 сантиметри, а тежок дури 444 килограми. Последните неколку години очајнички бара љубов, бидејќи родителите сакаат што порано да се ожени.

„Ми треба сопруга која е тешка, не сакам да ја повредам. Сите жени кои до сега сакаа да се венчаат со мене беа преслаби“, рекол тој за „Daily Mail“ и објаснил зошто „просечна жена“ би била лош избор за него.

Како што вели, сака да запознае жена која е тешка најмалку 100 килограми и повисока од 192 сантиметри, за да може да изгледаат добро заедно.

Тврди дека веќе одбил околу 200-300 жени, бидејќи не одговарале на неговите параметри.

Хајат е многу популарен во своето родно место. На интернет кружат снимки на кои се гледа како тој влече трактор со коноп, автобуси, автомобили, дига коли со една рака.

За да „ја одржи својата линија“, Хајат во текот на денот јаде 4 пилиња, 36 јајца, 3 килограми месо и 5 литри млеко.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....