9.8 C
Скопје
12:58 - 31 март, 2026

Овие венчаници ќе бидат хит во 2020 година! (ФОТО)

Доколку планирате во наредните месеци да застанете на „лудиот камен“, обавезно погледнете какви венчаници ќе бидат главен тренд во 2020 година.

Претходните години имавме прилика да видиме различни модели на венчаници, од класични до долги со вел и од омбре фустани до свечени панталони со кроп-топ.

Судејќи според новите модни прогнози, 2020 година ќе ја одбележат нешто поромантичните креации, чипката повторно ќе го доживее својот пик, а пердувите и насобраните ракави се главните детали за постигнување на овој гламурозен изглед.

Погледнете какви венчаници ќе бидарт хит за оваа година:

СЛОЕВИ

Има ли нешто поженствено од нежен тул или чипка набрана во слоеви? Наредната сезона ќе загосподарат венчаниците направени од обилен материјал кој паѓа во слоеви, а освен класичните, долги фустани, во понудите ќе се најдат и здолништата со кроп-топ.

ПЕРДУВИ

Доколку сте спремни на својот изглед да му додадете нота на голивудски гламур, тогаш слободно определете се за венчаница со пердуви. Сепак водете сметка да не претерате во тоа и исклучиво бирајте модели кои се дискретно освежени со пердувчиња, најдобро во црна, бела или златна нијанса.

РОЗОВ ФУСТАН

После белата, светло сината и шампањ боја, дизајнерите својата понуда ќе ја зголемат со венчаници во романтични розови тонови. Фустаните во оваа нежна боја, совршено ќе им одговараат на русокосите.

НАГЛАСЕНИ РАКАВИ

Наместо деколте, струк и шлиц, модните куќи оваа година сето внимание го насочија кон смислувањето на ракавите на венчаницата. Пуф и асиметричните ракави ја одбележаа модата во претходните месеци, па сега овој тренд ќе го направи своето влијание и врз венчаниците.

ОДЕЛО/КОМБИНИЗОН

Додека многу дами не можат да го замислат нивниот голем ден да помине без долга венчаница, некои жени повеќе уживаат во одело и комбинизон. Имајте на ум дека и во овие модни парчиња можете да изгледате сексапилно и убаво, а клично е да одберете модел кој најдобро ги истакнува вашите атрибути.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....