7.8 C
Скопје
21:43 - 31 март, 2026

Овие намирници го подобруваат расположението: Додадете ги во својата исхрана!

Диетичарката Сузи Бурел одлучи да им помогне на сите кои имаат лошо расположение. Всушност, како што тврди таа, постојат пет намирници кои се особено корисни за енергијата.

Одлична вест е што станува збор за продукти кои се дел од медитеранската исхрана, која со години важи за најдобриот облик на исхрана, а нам ни е многу блиска.

Зеленчук со маслиново масло

Првото што Сузи го препорачува е зеленчук во сите бои со екстра вирџин маслиново масло.

„Не е важно дали е сирово, готвено или цедено, битно е многу да го јадете. Брокулата, краставиците и морковот ќе ве заштитат, па слободно јадете ги во поголеми количини кога сте на диета“, вели.

Лосос

Наредната работа на списокот на оваа диетичарка е лососот кој содржи здрави масти и витамин Д. Во лососот се наоѓаат и омега-3 масни киселини кои не само што го подобруваат расположението, туку и го намалуваат крвниот притисок и го намалуваат ризикот од срцеви болести. Сузи советува да, доколку е можно , секој втор ден јадете 100 грама лосос.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се полни со протеини, здрави масти, селен и витамин Е. Кога и да сте лошо расположени или почувствувате дека енергијата ви паѓа, изедете јаткасти плодови, но не повеќе од една рака дневно.

Кисело тесто

Иако лебот од кисело млеко обично е поскап од обичниот, Сузи го препорачува заради здравствените придобивки што ги носи. Таа вели дека во киселината има хранливи материи кои го подобруваат расположението и здравјето на цревата. Јадењето на една парче таков леб со путер од кикиритки е рецепт за идеален почеток на денот.

Банани

Бананите се познати како овошје кое содржи многу калиум и витамин Б, но имаат и добро влијание врз нивото на енергија.

„Освен тој фактор важен за менталното здравје, зелените, незрели банани имаат голем дел пробиотички влакна кои помагаат во оддржување на здрав дигестивен систем“, заклучила.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....