8.8 C
Скопје
19:59 - 11 март, 2026

Овие 5 раси на кучиња го имаат најубавото влакно! (ФОТО)

Некои раси на кучиња изгледаат како да се излезени од реклами за шампони. Нивното долго, густо и сјајно крзно ги прави препознатливи и популарни, но за нивната грижа и нега е потребно да се вложи многу време и воља. Порталот Apetit наброја 5 раси на кучиња со најубаво крзно, кои сите обожаваат да ги чешлаат.

Авганистански хрт

инстаграм

Оваа раса на кучиња имаат долго и густо влакно, кое во комбинација со грациозното држење оддава доем на кралско куче. Влакното на авганистанскиот хрт е карактеристично за животни кои живеат на висини. Овие кучиња е потребно редовно да се чешлаат и да им се кратат влакната поради исклучително долгото крзно.

Ласа Апсо

инстаграм

Овие кучиња исто така имаат долго и густо влакно. Крзното на овие кучиња треба да се четка секојдневно за да не се заплетка.

Бернско планинско куче

инстаграм

Овој вид на кучиња има долго влакно во три бои. Лесно се дресираат и е потребно да се води посебно внимание за нивната хигиена.

Брадест шкотски овчар

инстаграм

Овие кучиња се многу послушни и сакаат да си играат. Познати се по тоа што имаат два слоја на крзно кое е меко и виткано, па со такво влакно потребно е секојдневно чешлање.

Комондор

инстаграм

Оваа раса на кучиња често се споредува со џогер за чистење на подови поради долгото влакно кое му го прекрива целото лице. Нивното долго, исклучително густо и испреплетено влакно помага да се заштитат од предатори. После бањање, комондорите треба да се исушат со пешкир, а некогаш се потребни дури 2 до 3 дена за крзното да им се исуши како што треба. Овие кучиња изгледаат како да имаат суканици.

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо
Се вчитува....