-4.2 C
Скопје
03:17 - 25 ноември, 2024

Нова димензија на нокти: Хит ќе бидат соѕвездија и млечно омбре

Еве ги актуелните трендови за уметност на нокти.

Експертите за маникир откриваат кои трендови во украсување на ноктите ќе се задржат од минатите години, но и кои нови трендови ќе бидат популарни.

Минатите десетина години имаше голема експанзија во креативноста и украсувањето на ноктите кои веќе се третираат како мали уметнички дела, но ништо помалку не треба да се очекува и во периодот што следува. Покрај фаворитите кои се задржаа од минатите години или повторно се враќаат во мода, има нови, похрабри трендови кои се појавија во последно време. Еве ги актуелните и следни трендови за уметност на нокти.

Соѕвездија

Темите поврзани со вселената и знаците од зодијакот се доста барани, па немојте да се изненадите ако видите делови од соѕвездија и хороскопски знаци на ноктите.

Блескави

Ѕвездички кои светкаат и се прелеваат во различни бои или Месечина и ѕвезди на небо се слики кои често ќе се појавуваат на ноктите во наредниов период.

50 нијанси сина

Класичната сина би можела да биде боја на 2020 година, но нема да бидат изоставени и другите нијанси на оваа боја. Еден таков пример се овие нокти интересно обоени со кобалтно сина боја.

Француски маникир

Компанијата „Алис & Оливија“ на модната ревија за пролет 2020 покажа дека ноктите со едноставен француски маникир повторно се во мода. Вистински хит е тенка бела линија на врвот од ноктите која ги прави подолги, а некои уметници, како Том Башик, прават похрабри верзии, како на пример црно-бела комбинација.

Млечно омбре

Кој бил рекол дека оваа техника може да биде толку елегантна? Може да се нагласи со додавање на сјаен лак за ноктите да светкаат, така што и благите нијанси ќе изгледаат навистина посебно.

Нијанси

Одберете пет слични нијанси и постигнете интересен ефект на прелевање.

Злато

Златна боја на ноктите обликувана во вид на цвет или лист ќе им даде посебен шарм.

Акрилни продолжетоци

Долгите нокти се повторно во мода. Експертите си играат со нивниот дизајн и одат во крајности, од обични до огромни продолжетоци во впечатливи бои.

View this post on Instagram

LISA❣️

A post shared by Park Eunkyung (@nail_unistella) on

Кристали

Ноктите со кристали се вистински погодок за оние кои сакаат да бидат посебни и мистериозни.

Пеперутки

Пеперутките се новиот хит како што пред некое време беа цветовите. Доволно е вака да украсите само еден нокт и да заблескате.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....