14:26 - 2 април, 2026

Нов потрес во кралското семејство: Таткото на Меган Маркл ќе сведочи против неа на суд!

Приватното писмо кое војвотката му го пратила на нејзиниот татко Томас Маркл, заврши на суд, пишува Гардијан.

Tаблоидот „Мејл он сандеј“ и издавачката куќа „Асошиејтед њуспејперс“ се обвинети дека незаконски објавиле делови од приватното писмо кое Меган му го пратила на својот татко и во кое се жалела поради начинот на кој тој се однесува со неа.

„Тато, моето срце е скршено. Те сакам. Имам само еден татко. Престани да ме жртвуваш во медиумите за да можеме да ја поправиме врската“, беше дел од писмото што го објави „The People“.

Магазинот ќе тврди дека објавувањето на ова писмо е „оправдано и легитимно, бидејќи постои јавен интерес за личните односи на членовите на кралското семејство“ и дека Томас Маркл имал потполно право да ја раскаже својата верзија за она што се случило меѓу него и неговата ќерка, вклучувајќи ја и содржината на писмото.
Таблоидот тврди дека војвотката не можела да очекува дека содржината на писмото ќе биде приватна.

Доколку биде поткренат случај, Меган и нејзиниот татко можно е да бидат повикани да сведочат јавно еден против друг.

Profimedia

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....