4.8 C
Скопје
21:15 - 11 март, 2026

Нема да верувате што се крие под сето ова крзно! (ФОТО)

Ретко е тоа што може да измами насмевска на вашето лице како спасување на животни кои биле запоставени, напуштени и болни. Секоја таква приказна е убава и посебна на свој начин, но некои сепак се истакнуваат и се поинакви од сите. Приказната за спасената кучка Ели Мае спаѓа во категоријата на приказни кои шокираат и е приказна која не се заборава така лесно.

Facebook/Nebraska Humane

Ели Мае некогаш имала сопственичка, а откако таа починала немало кој да се грижи за неа. Кучето било пронајдено од страна на луѓе кои дошле до домот на нејзината поранешна сопственичка за да се погрижат за работите и го исчистат просторот. Кога ја здогледале не биле сигурни кое животно го гледаат.

Facebook/Nebraska Humane

Кога сфатиле дека станува збор за куче, ја однеле во Небраска Хумане, прифатилиште за животни, каде ја прегледале и започнале со отстранување на грдиот и тежок оклоп. Отстранувањето траело околу 4 часа, влакната и биле потполно заплеткани и скоро зацементирани, а на нив имало и остатоци од измет, земја и многу други работи.

Facebook/Nebraska Humane

Поради таа причина не можела да се движи и добила артритис, кожата и била инфицирана, а канџите биле неверојатно долги. Но, екипата од прифатилиштето ја ослободило од тој огромен „тепих“, ја оперирале, ѝ ги дале потребните лекови, а добила дури и „педикир“. Две недели после спасувањето, Ели станала потполно друго куче и спремна е за подобар и поубав живот.

Погледнете ја убавицата која се криела под сето тоа крзно:

Facebook/Nebraska Humane

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо
Се вчитува....