5.8 C
Скопје
00:17 - 1 април, 2026

Неколку методи на Никола Тесла за зголемување на продуктивноста

Никола Тесла е познат по своите откритија кои го променија светот засекогаш, неговите изуми во наизменичната струја, радио и телекомунациските радио бранови се од историско значење, а тој и ден денеска важи за еден од најгенијалните умови во историјата. 

Тесла за својата генијалност во автобиографијата откри неколку методи кои ги применувал за зголемување на продуктивноста, а во продолжение прочитајте за некои од нив:

1. Прошетајте

Кратката прошетка си има свои придобивки кога станува збор за креативноста. Тесла, исто така, имал навика редовно да шета, а неретко се случувало токму во тие моменти додека се движи да добие некоја одлична идеjа. Една од нив е и идејата за моќноста на струјата:

Во 1881 година, Тесла се преселил во Будимпешта, закрепнувајќи од нервен слом, и додека се движел низ паркот рецитирајќи поезија со еден пријател, тој одеднаш добил идеја за наизменична струја.

2. Работете на проблемите сами

Како и многу иноватори и креативни ликови, Тесла тврди дека треба да бидете изолирани за да може вашата креативност да исплива на површината. 

Еве еден од неговите познати цитати:

Умот е поостар и поконцентриран во осаменост и континуирана самотија. Ниту една голема лабораторија не е неопходна за размислување. Оригиналноста доаѓа од осаменоста ослободена од влијанијата што му штетат на нашиот креативен ум. Бидете сами, тоа е тајната на пронаоѓачот, бидете сами, тогаш се раѓаат идеите – велеше Тесла.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....