Аманда Френсон стана позната поради својот перфектно обликуван задник. Таа прави вежби за долниот дел од телото секоја недела, а вели и дека никогаш не го прескокнува овој важен тренинг.
Меѓутоа, интересно е тоа што Аманда пред своето фитнес патување изгледала сосема поинаку.
Дури откако почнала со тренинзи за сила, таа успеала да изгради неверојатна фигура, па денеска слободно можеме да кажеме дека е инспирација за сите жени во светот.
Според нејзините зборови, првите неколку месеци и биле најтешки, но со текот на времето се навикнала на вежбањето и потполно успеала да си го промени животот.
Аманда денеска е препознатлива по одличното тело, а таа е активна и на социјалната мрежа Инстаграм, каде своите следбеници редовно ги радува со фотографии од своето тело.