0.8 C
Скопје
21:56 - 18 декември, 2024

(Не)корисни трикови од интернет: Никако не правете го ова, освен ако сакате да си го запалите домот

На интернет често ќе наидете на текстови или видеа, во кои се споделени „брзи и ефикасни“ кулинарски трикови, кои имаат за цел да ви ја олеснат работата во кујната. Додека некои од нив се навистина ефикасни и помагаат да заштедите време и енергија во кујната, постојат и такви што се ризични и можат не само да ви предизвикаат штета при готвењето, туку да го загрозат вашиот дом и живот. Запомнете: само затоа што некој го прави тоа и го објавил на интернет, не значи дека морате и вие. Еве неколку такви трикови кои ви предлагаме да ги прескокнете.

Тостиран сендвич

Сендвичот со топен кашкавал е многу лесен за подготовка. На леб мачкате путер, потоа додавате кашкавал и го тостирате во тава, по неколку минути од секоја страна. Дали може да се подготви поинаку? Според тврдењето на една домаќинка, да, само тостерот за лепчиња свртете го настрана и во отворите ставете ги резанките леб со кашкавал. Вклучете, па почекајте да се стопи кашкавалот.
Но, оние што го пробале трикот ќе ви кажат никако да не се обидувате. Жена од Охајо која го пробала трикот, објави фотографија на интернет на која се гледа нејзиниот опожарен тостер и под неа предупредување: „Никако не правете го ова дома, освен ако сакате да си го запалите домот“.

Омлет во најлонска ќеса

Правењето појадок за цело семејство, знае да е стресно, особено ако треба да подготвите за секого омлет по негов вкус. Трик за брзо подготвување е да ги ставите омлетите (мешавина од јајце со кашкавал, зеленчук, печурки, зачини и др.) во одделни најлонски ќеси со зип-затворање и потоа во тенџере полно со вода што врие. Во исто време ќе имате подготвено неколку омлети, но дали е безбедно? Според стручните лица во светот на кулинарството, ова е штетно затоа што најлонските ќеси можат да пуштат штетни хемикалии во храната. Имено, температурата на која овие најлонски ќеси почнуваат да се топат е 95 Целзиусови степени, додека водата врие на 100 Целзиусови степени. Затоа прескокнете го овој трик.

принтскрин/Youtube
принтскрин/Youtube

Отворање шише вино со лет-ламба

Имате шише вино, но немате отворач? Има милион трикови на интернет за да ви помогнат во ова, но еден од нив е навистина опасен и во никој случај не паѓајте во искушение да го пробате. Трикот се состои во тоа да го загревате шишето вино кај тапата, со лет-ламба. Наводно од топлината ќе почне плутената тапа да се крева нагоре и така лесно ќе го отворите шишето. Но, доказ за тоа колку е опасен предлогот стаса преку видео во кое еден маж за малку ќе беше повреден, откако шишето пукна и на сите страни се разлета стакло. Истово важи за кој било начин на отворање шише со топлина – загревање со плин, запалка и сл. Никогаш не се обидувајте!

Готвење риба во машина за миење садови

Готвењето риба (и друг вид храна) во машина за миење садови е нешто што луѓето навистина го користат и им успева. Но прашањето е дали треба тоа да се прави? За да подготвите риба на овој начин, треба да ја ставите во алуминиумска фолија и да ја затворите убаво од сите страни. Топлата вода која циркулира во машината заедно со пареата полека ќе ја готви рибата, а во зависност од тоа колку време трае циклусот на машината, ќе имате готово јадење за приближно два часа.

принтскрин/Youtube

Ако помисливте дека ова е предолго, со оглед дека за само 30 минути можете да подготвите сосема пристојно јадење, во право сте. Друго, прашање е колку таа риба ќе биде здрава да се јаде. Ако вашата машина не работи на доволно висока температура за да ги убие евентуалните бактерии во рибата (тоа е над 65 Целзиусови степени), тогаш ризикувате многу. Со оглед дека машините за миење садови работат на температури од 45 до 65 Целзиусови степени, тешко е да знаете дали имате безбедна вечера. И плус сосема е можно под фолијата да влезе вода во рибата, па на крај да го фрлите јадењето.

Отворање конзерви

Во едно видео е прикажано дека ако досега отворачот на конзерви го користевте во исправена положба, сте грешеле. Треба да го користите хоризонтално поставен на конзервата и така побрзо и полесно ќе ја отворите конзервата. Но, ова беше докажано дека е погрешно од една домаќинка која го проба трикот. На тој начин не само што се добива конзерва со остри рабови на кои лесно можете да се исечете, туку при отворање парчиња метал и хартија од конзервата навлегуваат во храната и ја прават небезбедна за јадење.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....