2.8 C
Скопје
17:18 - 22 декември, 2024

Најлесен начин да ослабете – Режим на исхрана за сите што „мразат диети“

Колку пати досега сте се обиделе да држите диета и никогаш не сте успеале да го постигнете толку посакуваниот резултат? Можеби и вие сте во групата на оние што јадат помалку храна кога не се на диета, а од денот кога ќе решат да се придржуваат кон одреден тип исхрана, апетитот толку им се зголемува, што буквално не можат да престанат да јадат.

Доколку се пронајдовте во ваквите квалификации и доколку решите да се  придржувате кон овој начин на исхрана, тој ќе ви овозможи трајно решавање на вашите проблеми со вишокот килограми што ги имате.

Станува збор за начин на исхрана кој е осмислен да ги задоволува потребите на сите што се мачат подолг период да го изгубат вишокот килограми, а притоа важат и за големи гурмани што самодисциплината не им е јака страна. Ако не можете да држите диети поради слабата желба или поради тоа што имате навика да не си ги исполнувате докрај дадените цели и ветувања, обидете се со оваа 9-дневна детално опишана диета.

Менито е разновидно, добро балансирано и сосема лесно за почитување и поради тоа е наменето за лица со слаба волја за слабеење. Диетата можете да ја повторите двапати по девет дена, а резултатите се загарантирани.

Совет плус е да применувате физичка активност што постепено ќе ја зголемувате и да пиете големи количини вода.

Фото: Профимедиа

Прв ден

Појадок: 1 парче пченкарен двопек намачкан со урда, 1 варено јајце, 2-3 суви сливи.

Ручек: 1 парче интегрален леб, 1 салата од домати и краставици, 50 грама посна шунка, 1 банана.

Вечера: 100 грама печено телешко месо, 1 голема салата од зелка и моркови, 2 варени компири,1 јаболко.

Втор ден

Појадок: 1 чаша свежо цеден сок од портокал, 1 пченкарен двопек, 1 чаша обезмастено млеко, 1 банана.

Ручек: 200 грама пилешко филе печено на скара, 2 домати, 1/2 краставица, 1 чаша овошен домашен јогурт (сами подгответе го во блендер од неколку вида овошје и една чаша обезмастен јогурт, бидејќи купениот овошен јогурт во својот состав има премногу шеќер и конзерванси), 1 јаболко.

Вечера: 150 грама печена риба, 2 варени компири.

диета

Трет ден

Појадок: 2 парчиња пченкарен двопек, 150 грама пилешко филе печено на скара, 1 домат.

Ручек: 1 супа од зеленчук, 1 парче интегрален леб, 1 салата од зелка, цвекло и моркови, 1 банана.

Вечера: 150 грама печено телешко месо, 1 салата од цвекло, зелка и морков, 1 банана.

Четврти ден

Појадок: 1/2 грејпфрут, 1 чаша овесни снегулки со млеко, 1 парче пченкарен двопек намачкано со урда.

Ручек: 1 пченкарен двопек, 70-80 грама туна од конзерва, 2-3 сушени кајсии.

Вечера: 200 грама печено телешко месо, 1 салата од домати и краставици.

Петти ден

Појадок: 1 варено јајце, 1 парче интегрален двопек.

Ручек: 1 парче интегрален двопек, 50 грама посна шунка, 1 салата од зелка, цвекло и моркови, 1 портокал.

Вечера: 200 грама пилешко филе печено на скара, 1 чаша варен ориз, 1/2 краставица.

Фото: Профимедиа

Шести ден

Појадок: 1 пченкарен двопек намачкан со слатко од смокви.

Ручек: 1/2 грејпфрут, 80 грама посна шунка, 2 варени компири, 1 салата од домати и краставици, 1 банана.

Вечера: 1 интегрален двопек со 1 парче кашкавал, 1 салата од зелка, цвекло и моркови.

Седми ден

Појадок: 1 чаша овошен домашен јогурт, 1 парче интегрален двопек, 2-3 суви сливи.

Ручек: 100 грама пилешко филе печено на скара, 1 домат, 1/2 краставица.

Вечера: 150 грама печено телешко месо, 1 салата од домати и краставици, 1 парче интегрален леб, 2-3 сушени кајсии.

диета
Flickr

Осми ден

Појадок: 1/2 грејпфрут, 1 варено јајце, 1 интегрален двопек.

Ручек: 100 грама печено телешко месо, 1 супа од зеленчук, 1 јаболко.

Вечера: 150 грама варена риба, 150 грама шпагети во сос од домати и босилек, 2 лажици конзервиран грашок.

Деветти ден

Појадок: 1 чаша овесни снегулки со млеко, 1 банана.

Ручек: 1 салата од домати и краставици, 1 парче интегрален двопек, 1 чаша овошен домашен јогурт, 1 јаболко.

Вечера: 1 печена кревка кременадла, 2 варени компири, 1 салата од зелка и моркови.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....