14:51 - 28 април, 2026

На девојчето за крај на хемотерапијата му направиле прослава од автомобил: Ме преплавија емоции!

На Кортни Џонсон (15) во јуни 2019 година, само една недела по прославата на полуматурата ѝ бил дијагностициран рак. Цела недела имала болки во ногата, па родителите одлучиле да ја однесат на тестирање за да дознаат што се случува. Тестот покажал дека Кортни има Евингов сарком, многу редок тип на рак кој се создава во коските или во ткивото околу коските.

Оттогаш имала две операции и повеќе од десет хемотерапии, поради кои морала да останува во болница по цели денови. Ја пропуштила својата прва година од средното училиште и учела од дома, каде што нејзиното семејство постојано носело маски за да ја заштити од болести.

„Не допушти нејзината болест да ја спречи. Имавме некои тешки моменти, но никогаш не се сожалуваше себеси. Секогаш добро се држеше и правеше сè со насмевка на лицето“, рекла нејзината мајка Ејприл.

Во вторникот Кортни завршила со хемотерапиите и за последен пат излегла од детската болница во Лос Анџелес. Престанувањето на хемотерапијата е голема работа во детската болница и децата секогаш мора да заѕвонат на победничкото ѕвоно, но поради пандемијата на коронавирусот, дозволен е само еден посетител.

Кога излегувала од болницата го прифатила фактот дека нема да има прослава.

Нејзината мајка се чувствувала лошо што Кортни нема да го прослави завршувањето на тешката борба и своите чувства ги споделила со пријателката.

„Помина низ целата таа голема работа и постојано зборувавме дека ќе имаме забава. Едноставно се чувствувам лошо“, рекла Ејприл.

Нејзината пријателка потоа смислила изненадување за Кортни и го повикала своето семејство да прослават со автомобилите во нивната улица. Таа ги поканила сите нивни пријатели и роднини па Кортни добила вистинска мала забава. Иако сите го почитувале правилото за држење на растојание, ова изненадување многу ѝ значело на Кортни.

„Бев преплавена со емоции. Едноставно не очекував ништо, па бев изненадена и благодарна што сите се собраа да прослават со мене“, рекла Кортни.

Слични објави

Декорации создадени за радост, спомени и насмевки – Со „Magic moments“ создадете магични моменти за паметење

Еспресо

Заборавете на фарбање на израстокот секој месец: Техниката „френч блендинг“ прави чуда за седата коса

Т.Ц.

Резервирајте навреме: Villa Diva – за совршени прослави и за моменти што не се забораваат

Еспресо

Најубави подароци се оние избрани со чувство: Цветна свеќа – илјада емоции

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.
Се вчитува....