7.8 C
Скопје
22:23 - 31 март, 2026

Лаги кои мажите ги кажуваат на првиот романтичен состанок

љубов состанок

Сосема е природно што ниту мажите ниту жените не сакаат да се разоткријат на првиот состанок. Двете страни се склони кон преувеличување, а многу мажи, исто така, имаат тенденција да кажуваат одредени лаги за одредени работи.

Според истражувањето на порталот „YourTango“, ова се најчестите теми за кои повеќето мажи „ја разубаваат вистината“:

Финансиска состојба

Без разлика дали сакаат да признаат или не, жените честопати ги оценуваат мажите според состојбата на нивната сметка и нивната способност да го издржуваат семејството. Затоа мажите честопати имаат тенденција да лажат за својата заработка или да се фалат со автомобили, часовници и сличен имот, со цел да го импресионираат потенцијалниот партнер.

Станбено прашање

Ако веднаш ви признае на првата средба дека живее со цимер или со родителите, најверојатно нема премногу да ве воодушеви. Поради тоа, може да се случи тој да ви каже дека живее сам и да го претстави својот цимер како пријател на кого му прави услуга да спие кај него неколку дена.

Гледање со други жени

Ова е навистина една од најчестите лаги на првиот состанок. Се разбира, тие нема да ви кажат дека имало друга девојка на вашето место претходниот ден, кој сака да се претстави како женкар?

Фитнес навики

Знае дека силните стомачни мускули се вашата слаба точка, па може да ви каже дека почнал да работи на нив, пет пати неделно, во теретана (во која најверојатно не е ниту член).

Последното раскинување

Ако изневерил или направил нешто слично во неговата претходна врска, најверојатно нема да дознаете брзо, особено не на првиот состанок.

Вистински намери кон вас

Можеби тој навистина сака да воспостави длабока врска со вас и можеби тој само го вели тоа за да ве одведе во кревет. Тешко е да се знае, особено ако не сте го знаеле претходно. Затоа, не бидете наивни и дозволете си да се запознаете добро за да одредите дали тој има искрени намери со вас, или е во прашање нешто површно.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....