5.8 C
Скопје
05:36 - 1 април, 2026

Куче и лисица: Необично пријателство кое морате да го видите (ВИДЕО)

Пријателствата помеѓу животните се навистина интересни и посебни. Тие пријателства можат да ни станат уште поинтересни посебно ако се работи за оние необичните, како на пример помеѓу маче и куче, но овојпат станува збор за нешто сосема поинакво.

Оваа несекојдневна приказна не води во Германија, каде едно искрено пријателство воспоставија куче и мала лисица, токму како во приказна од некој роман.

И покрај меѓусебните разлики, овие животни одлично се согласуваат и се обожаваат еден со друг.

Пријателството започнало откако еден фармер пронашол загубена лисица и ја однел во својата фарма.

Лисицата набргу го добила името Чапи, а фармата станала нејзин нов дом. Таму веќе се наоѓало кучето Мерли, а иако Чапи сака да си игра и со останатите кучиња, сепак Мерли е посебен за неа.

Чапи има само шест месеци, но веќе копа како голема лисица, па дури и си направила мало засолниште во кое смее да влезе само едно куче.

Во однос на нетипичното однесување за дива лисица, се чини дека ова куче може да остане кај неа колку ќе посака.

Погледнете ја оваа кратка приказна за необичното пријателство, па сами заклучете дали Чапи повеќе се однесува како лисица или куче…

 

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....