-1.2 C
Скопје
05:24 - 11 март, 2026

Интересни факти за океаните: Во нив има околу 20 тони злато, но не ве советуваме да одите да го барате!

Дали знаевте дека океаните покриваат дури 71% од површината на Земјата. Но, тоа секако не е единствената интересна работа за нив. Продолжете со читање доколку сакате да се запознаете со уште неколку интересни факти за океаните…

Сонцето на океаните им дава сина боја

Кога сончевите бранови должини ќе се сретнат со површината на океанот, портокаловата и црвената бранова должина се апсорбираат, додека сините бранови должини навлегуваат подлабоко, со што, колку е подлабоко, океанот изгледа повеќе син .

инстаграм

Најдлабокиот дел на океанот исто така е и најдлабокото место на Земјината кора

Тоа е Маријанскиот ров, кој се наоѓа во западниот дел на Тихиот океан во близина на островот Гвам. Тој е близу 11 километри длабок. Ако немате чувство колку навистина тоа изнесува, имајте на ум дека доколку Монт Еверест застане внатре, сè уште ќе биде 2 километри под површината на водата.

инстаграм

Се проценува дека има околу 20 тони злато во океаните

Ако размислувате да организирате експедиција за да го пронајдете, веднаш откажете се. Имено, тоа е толку ситно што е неупотребливо. На секој литар солена вода има само 13 милијардити грам злато!

инстаграм

Луѓето знаат повеќе за океаните отколку што мислат

Океанографите мапираа речиси 100% од океаните, иако не во најсјајна резолуција. Сепак, иако луѓето не го истражиле поголемиот дел од светските океани, со помош на технологијата имаме идеја како изгледаат под површината.

Сè уште не знаеме доволно за живиот свет во океаните

инстаграм

Нивната големина и притисокот на водата нè ограничуваат да ги истражиме подетално. Научниците веруваат дека досега сме се запознале само со една третина од растителните и животинските видови во океаните. Од друга страна, напредокот е видлив и во океаните секоја година се откриваат во просек 2.000 нови животински и растителни видови.

инстаграм

Најголемиот број на вулкански ерупции се случуваат под површината на океанот

Дури 80% од вулканските ерупции воопшто не се чувствуваат на површината на Земјата. Во океаните се пронајдени повеќе од милион вулкани, од кои некои се активни, а некои згаснати. Без оглед на топлината што ја создаваат кога ослободуваат лава, многу растителни и животински видови преживуваат во нивна близина.

Океаните ни овозможуваат да дишеме

инстаграм

Океаните произведуваат 70% од кислородот во атмосферата, пред се благодарение на морските растенија што го ослободуваат во процесот на фотосинтеза. Планктон од видот прохлорокок, е одговорен за една петтина од кислородот кој на луѓето им е потребен за живот.

Рибите во океаните јадат многу пластика

инстаграм

Дури 7 милиони тони пластика завршуваат во океаните за една година. Од тоа, меѓу 12 и 14 илјади тони ќе бидат проголтани од риби.

Слични објави

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо
Се вчитува....