4.8 C
Скопје
02:47 - 21 декември, 2024

Имам температура, мора да сум заразен со корона! Пред да почнете да паничите, проверете ги овие работи

Термометарот покажува дека температурата на вашето тело значајно ја поминала границата од 37 степени Целзиусови. Додека од сите страни слушате за симптомите на глобалниот вирус, низ главата ви се врти мислата – Заразен сум со корона!

Пред да почнете да паничите, важно е да знаете – секоја температура не значи дека имате коронавирус, а овој вирус не е ни толку лесно да се добие.

Пред да отидете да проверите дали сте заразени со корона, проверете ги овие факти.

Дали сте биле во близина на некој што бил во загрозено подрачје?

Бидејќи знаете кои се луѓето во чија близина се движите, ако некое од тие лица кива, кашла или има некој од добро познатите симптоми на коронавирусот, не му се приближувајте премногу.

Но што е со јавниот простор?

Ќе речете, „Да, знам со кого сум бил во контакт од блиски луѓе, но што е со јавните простори, особено со градскиот превоз?“

Докторите донекаде го објаснуваат тоа. Не можете да се заразите ако само поминете покрај некој заразен на улица. Висок ризик од зараза имаат оние кои живеат или имаат директен физички контакт со некој заразен, на кои некој им кива и им кашла во лицето или што биле лице в лице во контакт со заразен, на помала оддалеченост од два метра подолго од 15 минути.

Повеќепати е кажано дека симптомите од корoна и сезонски грип се слични, па температурата можеби доаѓа од тоа или од настинка која има симптоми слични на грип.

Колку и да се слични, грипот и короната се разликуваат баш во температурата. Додека грипот настапува нагло и температурата веднаш се покачува, короната постепено се развива, температурата на почетокот е благо повишена и полека расте, како и останатите симптоми. Размислете за тоа пред да почнете да паничите.

А што е со другите симптоми?

Не ги заборавајте другите симптоми што ги имате. За короната е најважно тоа што прво се јавува кашлица која првично не мора да биде придружена со другите симптоми.

Без оглед дали е грип или корона, температурата и симптомите нема да ви ги отстранат антибиотиците. Антибиотиците помагаат кај бактериските инфекции, а не кај вирусните.

Симптоми

Светската здравствена организација наведува дека коронавирусот почнува со грозница проследена со суво кашлање, а по една недела доаѓа до губење на здивот и потоа на пациентите им е потребно болничко лекување.

Некои од симптомите кои се наведуваат се главоболка, кивање, кашлање, краток здив и потешкотии со дишењето.

Кај лицата со послаб имунитет, кај старите луѓе и кај малите деца постои можност овој вирус да ги зафати дишните органи, па може да се развие во воспаление на белите дробови или бронхитис.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....