12:01 - 2 април, 2026

Фотографиите на кои се гледа како рускиот цар плива гол, повторно ја заинтригираа јавноста

Поминаа повеќе од 100 години откако во текот на Февруарската револуција заврши владеењето на царот Николај Втори Романов. По абдикцијата и домашниот притвор, бил стрелан на 17 јули 1918 година, заедно со семејството и четворицата слуги.

Но приказната за Романови никогаш не престанува да интригира.

Пред две години за првпат беа објавени фотографии на кои се гледа како Николај Втори плива гол.

Неверојатна фотографија од Николај Втори Романов како плива гол /Profimedia

Фотографиите настанале во текот на неговото патување во Финска во 1912 година, а првпат се прикажани во рамки на проектот #Romanov100.

Се претпоставува дека фотографиите се снимени или во 1908 или во 1912 година

Во центар на вниманието стигнаа повторно пред неколку дена, кога фотографката и фотоколористка Марина Амарал ги објави на нејзиниот твитер-профил.

Profimedia

Николај Втори и неговото семејство биле големи фанови на фотографијата, поседувале една од најдобрите фотоапарати во тоа време. Тој исто така поседувал специјална камера од „Кодак“ направена ексклузивно за него. Илјадници фотографии го документираат нивниот јавен и приватен живот, нудејќи фасцинантен поглед на руската империја.

Зошто фотографиите од голиот владетел се толку интригантни?

Profimedia
Profimedia

Како што објаснуваат светските историчари и биографите на кралските семејства, всушност, не се работи за голотијатана Николај Втори, туку за „оголеноста“ на еден владетел. Неговата јавна слика требала да биде недопирлива. Тој ја претставува државата и не смее да биде прикажан како немоќен. Во тоа време било незамисливо еден цар, особено на едно толку моќно царство, да се најде во ситуација некој над него да биде надмоќен. Голиот цар пред објективот секако не припаѓа на тој наратив на моќ.

Ретко такви фотографии стигнуваат до очите на јавноста, па токму поради тоа фотографиите на голиот цар Николај Втори предизвикаа толкаво внимание.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....