08:18 - 26 февруари, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) ВО НЕГОВИОТ ДОМ има ПРЕКУ 3.000 РАСТЕНИЈА кои ЦЕЛОСНО му го ЗАЗЕЛЕ ДОМОТ: Погледнете ја неверојатна колекција на Џони Балчандани

Скоро секој сака малку зеленило во својот дом. Без разлика дали се работи за сукулент или букет цвеќе или салонско растение па макар и само едно кое ќе биде доволно да внесе свежина во еден дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jonny (@thebeardedplantaholic)


Сепак, постои еден стравствен љубител на растенија, кој открил дека на својата страст успеал да потроши дури 20.000 фунти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jonny (@thebeardedplantaholic)


Џони Балчандани (34) купил толку многу растенија што целосно му го зазеле домот. Иако може да се пофали со пространа куќа со пет спални соби, тој успеа да ја наполни со преку 3.000 растенија и да направи неверојатна колекција.

„Купувам растенија од продавачи и одгледувачи низ светот, има многу кои се од Индонезија и Јужна Америка“ – објаснува Џони и додава дека дури и професионалните градинарски центри немаат таква понуда на растенија што тој ги има дома.

Некои од ретките растенија го чинат и до 850 фунти, но својата страст ја споделува со своите деца Феникс (3) и Талула (2), како и со својата партнерка Шарлот (33).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jonny (@thebeardedplantaholic)


Всушност, Џони се надева дека децата од него ќе ја наследат љубовта кон растенијата, а со тоа и неговата обемна колекција.

„Колекцијата вреди многу пари, а јас нема да можам вечно да се грижам за неа, па би сакал моите деца од мене да ја наследат љубовта кон растенијата“ – искрен е тој.

Иако куќата е преполна со растенија до врвот, тој не планира да престане да ги собира, дури планира да ја прошири куќата, за да има простор да го прошири своето хоби.

Можеби наскоро ќе треба да вработи за да му помога околу грижата на растенијата, бидејќи неговата сегашна рутина вклучува; прскање на растенијата со пестициди, проверка на нивото на влажност, проверка и грижа за нови ластари во стаклената градина, отстранување на исушените лисја и наводнување.

(ВИДЕО+ФОТО) АГНЕСА ОРГАНЏИЕВА ПОДГОТВИ НЕЗАБОРАВЕН РОДЕНДЕН ЗА СВОЈАТА ЌЕРКА ТИФАНИ: Змии, гуштери, балони, неодолива торта и подароци

Слични објави

Хороскоп за 26 февруари: Близнаците носат важна одлука, Јарците чувствуваат стабилност што долго ја граделе

Еспресо

Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за оженетиот партнер на пејачката: „Колку што знам…“

Еспресо

Оливера Балашевиќ објави: „Ми пристигнува внук, мал капетан на Панонската морнарица“

Еспресо

„Луда е како ѕвоно“: Едита си кажа што мисли за Карлеуша, до пред две години беа луто скарани

Еспресо

„Имав 19 абортуси“: Морничаво признание на српската ријалити ѕвезда Маја Маринковиќ

Е.А.

Даниел Кајмакоски се врати на сцената по киднапирањето: Настапи на српската Песна за Евровизија

Еспресо
Се вчитува....