06:22 - 12 март, 2026

ФОТО: Откриена тајната на мистериозните монолити – „Ние ги поставивме, а сега можете и да ги купите“

Монолитите кои неодамна се појавија на повеќе локации низ целиот свет станаа голема мистерија, а околу нивното потекло се поврзуваа бројни теории. Откако се појави првиот монолит во Јута, САД, беа откриени уште четири, во Калифорнија, Русија, Романија и Холандија.

Се чини дека мистеријата за монолитот сега конечно е откриена. Како што пишува „Њујорк пост“, зад појавата на монолитот се крие групата уметници наречени „The Most Famous Artist“ од САД.

Иако појавата на монолитите предизвика безброј теории, од вонземјани до маркетинг трикови, оваа мала заедница на уметници сега откри дека тоа е нивно дело, и сега тие одлучија да ги продаваат монолитите по цена од 45.000 долари.

Фотографиите од монолитите на различни локации и самиот процес на правење се објавени на Инстаграм профилот на „The Most Famous Artist“.

Имено, тие објавиле фотографии од маскиран уметник кој работи на изработка на монолит, за да докажат дека тоа навистина е нивно дело.

„Дали тоа беше ти?“, прашаа љубопитните следбеници под објавата.

„Ако под „ти“ мислиш на нас, тогаш да“, одговорија тие.

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо
Се вчитува....