13.8 C
Скопје
15:04 - 18 декември, 2024

Естетска стоматологија: Блеснете за новогодишните и божиќните празници

Разубавувањето на насмевката вклучува поправка на поткршени, напукнати или обезбоени заби, поправка на загризот и враќање на мускулите во нормална положба.

Секој сака да има убава насмевка. Разубавувањето на насмевката вклучува поправка на поткршени, напукнати или обезбоени заби, поправка на загризот и враќање на мускулите во нормална положба. Разубавувањето може да вклучи каква било комбинација на порцелански коронки, бели пломби, или мостови.

Пломби во боја на забите/неметални пломби

Дали се чуствувате непријатно поради златната боја или можеби сребрената или, пак, сивата боја на пломбите на вашите заби? Дали некои од пломбите кои ги имате се поцрнети? Мислите ли дека тоа е првото нешто што се гледа кога зборувате или се смеете? Не грижете се, не сте единствените, а сето тоа може да се поправи.

Белите пломби, кои се исто така познати и како порцелански или композитни пломби, посебно се направени за да одговараат на бојата на Вашите заби. Тие се користат за да се поправат забите или да се пополнат нерамнините. Пломбите исто така можат да се користат за замена или за поправка на старите амалгамски пломби. Порцеланските пломби стануваат есенцијален дел од забот. Тие се приспособуваат на формата на Вашите заби и даваат природен изглед, при што преодот помеѓу пломбата и забот е скоро незабележлив. Белите пломби се најдобрата издржлива замена за сребрените пломби. Доколку имате заб кој треба да се поправи или, пак, стара амалгамска пломба која треба да се замени, белите пломби се токму тоа што Ви треба за перфектна насмевка.

Естетско обликување – блондирање

Доколку се обликуваат врвовите на малку искривените заби, ќе се добие поинаков изглед и визуелна перцепција на забите. Оваа процедура на обликување е економски исплатлива и најчесто им ја препорачуваме на оние кои имаат нерамни заби или мала збиеност на истите за која не е потребно да се носат протези. Дополнително на ова, резултатите од естетското обликување се гледаат најчесто уште после првата посета. Доколку некоја мала несовршеност ве спречува убаво да се насмеете, без разлика дали станува збор за празнина помеѓу забите, искривен, напукнат или заболен заб, размислете за опцијата на бондирање на забите. Тоа е брза и речиси безболна процедура. Доколку забите не се заболени и пулпата не е изложена, бондирањето најчесто се врши без употреба на анестезија. За време на процедурата која се врши во само една посета и со која не се вршат корекции на должината на забите, туку само на нивните облини, се аплицира материјал којшто има иста нијанса како забите. Потоа, му дава форма, се стврднува со специјално светло и на крајот се полира. Со полирањето на забите им се дава природен изглед и чувство. Бидејќи е можно ваквите заби да се поткршат, важно е да внимавате и да се грижите за нив според советите кои ќе ги добиете од стоматологот.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....