7.8 C
Скопје
19:54 - 31 март, 2026

Доколку премногу се потите и ви мириса под пазувите, внимавајте што јадете!

Потењето е начин за тело да ви каже дека е време да се разладите или дека реагирате на стресни ситуации. Дерматолозите посочуваат дека има многу начини да се избегне непријатниот мирис под пазувите, како што е употребата на дезодоранс и одржување на хигиената, но и дека промената во исхраната може да има големо влијание.

Мирисот зависи од различните видови бактерии кои се наоѓаат на кожата, заедно со различните видови храна што ја внесувате во организмот. Иако се здрави, одредени зеленчуци како брокулата, зелката, аспарагусот и карфиолот, го интензивираат непријатниот мирис на гасовите и потта, па затоа не би било лошо да се обидете да го намалите внесот на овие намирници.

Дерматолозите велат дека ова се случува затоа што вашето тело се бори да ја свари оваа храна. Со метаболичкиот процес се ослободуваат нестабилни соединенија кои потоа излегуваат од телото оставајќи смрдеа.

Фото: Профимедиа

Исто така, намирниците богати со витамин Б го интензивираат потењето, бидејќи самиот витамин благо ја зголемува внатрешната телесна температура, па телото се бори со потење.

Имајте на ум дека ако многу се потите, а во исто време сте љубител на кафето, најверојатно ќе мора да го намалите дневниот внес на оваа омилена црна напивка. Влијанието врз потните жлезди малку ќе го намалите доколку кафето го пиете изладено. Кофеинот што се содржи во кафето е стимулант и ја забрзува работата и на умот и на телото.

Сепак, покрај исхраната и стресот, постојат и некои болести кои предизвикуваат зголемено потење и непријатен мирис, како што се болестите на црниот дроб, дијабетесот и откажувањето на функцијата на бубрезите.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....