00:39 - 2 април, 2026

Девојка доби 40 конци на лицето, откако се обиде да се фотографира со своето куче (ФОТО)

Тоа што изгледало како безопасно фотографирање за тинејџерката од Аргентина се покажало како вистински пекол. 17-годишната Лара Сансон од Тукумана се сликала со својот германски овчар Кенаиј кога кучето од ведро небо се свртело и ја гризнало за десната страна на лицето. Сликите кои Лара ги објавила на својот Твитер сведочат за страшните последици од овој немил настан.

Лара за локалните вести изјавила дека не е сигурна што точно го испровоцирало нејзиното куче.

„Не знам дали му ја седнав ногата или така изреагира поради својата старост. Можеби го преплашив кога го прегрнав“, признава Лара.

Лара морала да има 2 часовна операција и 40 конци. Иако таа страна на лицето ѝ била отечена, девојката заздравела, пишува UNILAD.

Таа нагласила дека нејзиното куче нема да биде успиено, бидејќи нападот не бил злонамерен. Ветеринарот додал на изјавата за локалните вести дека кучето ја гризнало девојката поради својата старост и растечките болки.

Кенаиј успеал да ја фати и другата страна на лицето на својата газдарица, на што таа се обратила во еден од своите твитови кој сега има преку 11 илјади коментари.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....