10:50 - 12 април, 2026

Дали средствата за дезинфекција навистина го убиваат коронавирусот?

Кога научниците ги анализирале вирусите кои се слични на корнавирусот, како што се САРС, МЕРС и коронавирусот, откриле дека ваквите типови на вирус можат да преживеат и до 9 дена на површини како што се метал, стакло и платика.

Уште попрецизно, овие вируси можат да бидат заразни на вакви површини во период од два час па дури и до девет дена.

Температурата меѓу 30 и 40 сепени ја намалува инфективноста на вирусот, а интересно е што коронавирусот не можел да биде отстранет со обичните средства за чистење на домовите, туку само избелувачот успеал да го уништи вирусот за само една минута.

А што е со средствата со кои ги миеме и ги дезинфицираме рацете?

Докторот Хилари Џонс ги советувал луѓето дека миењето на рацете секако е подобро од дезинфекцијата.

„Луѓето мора да продолжат да живеат со нормален живот, но да се придржуваат до одредени мерки. Миењето раце е секогаш подобра опција отколку дезинфекцијата, бидејќи со миењето го испирате вирусот од вашата кожа. Со средствата за дезинфекција се обидувате да го убиете вирусот кој е веќе на вашите раце“, објаснува докторот.

Докторите советуваат дека миењето на рацете треба да трае доволно долго, а тоа го објасниле на необичен начин – миењето треба да трае толку долго колку што ви е потребно време за двапати да ја испеете песната засреќен роденден.

Студијата што е објавена уште во текот на 2019 година вели дека водата и сапунот се многу поефикасни во отстранување на вирусите од геловите за дезинфикација на рацете.

Геловоите што ги користите за дезинфекција мора да содржат минимум 60% алкохол.

Сепак, претераното користење на средствата за дезинфекција е исто така опасно бидејќи геловите на база на алкохол ја пореметуваат нормалната бактериска флора која ја прекрива нашата кожа и ги убива патогените.

Докторите велат дека е неопходно да се мијат рацете и да се користат средства за дезинфекција, но дека претерувањето во тоа не е добро.

Сувата и оштетена кожа може да стане одлично место за бактерии и го зголемува ризикот од влегување на вирусите во организмот преку ситните исеченици на оштетената кожа.

Слични објави

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.
Се вчитува....