21:35 - 22 декември, 2024

Дали сонувате? Повеќето луѓе ги сонуваат овие соништа, еве го нивното значење (Прв дел)

Иако соништата се лична работа, би ве изненадило колку луѓе имаат слични соништа на вашите, особено кога се во прашање симболите што ги сонуваат. Карл Јунг верувал дека соништата се полни со симболи и архетипови кои потекнуваат од колективното несвесно и дека овие симболи имаат свои значења во светот на соништата, пишува порталот Love to Know.

Еве што значат најчестите симболи кои ги сонуваат поголем дел од луѓето.

Десет вообичаени тематски симболи:

1.Голи сте или во долна облека во јавност

Соништата во кои има ненамерно разголување во јавност се поврзуваат со чувство на ранливост.

Освен тоа, може да укажуваат и дека ви е срам од нешто.

2. Возење

Ако сонувате дека возите некое превозно средство, тие соништа говорат за вашето патување низ животот.

-Ако возите вие, ќе чувствувате како да имате контрола над својот животен пат;

-Ако вози друга личност, можеби имате чувство дека некој друг управува со вашиот живот;

-Ако ви е пријатно возењето, се чувствувате добро заради правецот кон кој сте насочени;

-Ако ви откажуваат кочниците се чувствувате како да губите контрола или како да ќе удрите во ѕид;

-Ако доживеете несреќа, тоа значи дека чувствувате дека животот ви оди кон неизбежна катастрофа и дека треба да го промените правецот.

3. Во училиште сте и не можете да го најдете својот клас

Постојат неколку варијации на овој сон. Може да сте во училиште и да не знаете каде е училницата, а во друга верзија не сте биле на часот кога правеле тест или не сте научиле за тестот. Ова е вообичаен анксиозен сон кој зборува за современиот живот на возрасните личности. Обично се сонува кога сте нервозни заради нешто во вистинскиот живот, како што се проблемите на работа.

4.Летање

Летањето се сонува често и поголем дел од луѓето овие соништа ги толкуваат како позитивни. Ако летате во сон, значи дека сте сосредоточени на достигнување на својата цел на било кој начин или сакате да ги видите работите од друга перспектива.

5.Расипан уред

Овие соништа се однесуваат на комуникацијата. Најверојатно се чувствувате како да не можете да се изразите добро или дека не го разбирате она што некој сака да ви го соопшти.

6.Бременост

Соништата за бременост означуваат креативност и нови почетоци. Можат да предвидат нов почеток или да укажат дека сакате да бидете креативни.

7. Паѓање

Ако сонувате дека паѓате, значи дека чувствувате како да губите контрола или се чувствувате анксиозно поради нешто.

8. Изгубено или украдено возило

Ако не можете да го најдете возилото или вам ви е украдено во сон, може да значи дека се чувствувате како да сте го изгубиле својот пат во животот.

9. Пронаоѓање богатство

Овој сон укажува дека во вас се наоѓа нешто што е вредно за откривање. Ве поттикнува да ја пронајдете вредноста во вас.

10. Смрт

Соништата за смртта се страшни, но најчесто не предвидуваат ваша или нечија смрт. Говорат за тоа дали сте подготвени да завршите еден дел од животот и да продолжите со нешто ново.

Десет вообичаени места од соништата

1.Болница или инструмент на лекар

Овие соништа укажуваат на ваше физичко, емотивно, ментално и духовно здравје.

2.Училиште

Кога сонувате дека сте во училиште, тој сон ви порачува дека животот се обидува да ве научи на нешто или треба сами да осознаете.

3.Куќа

Куќата во соништата ве претставува вас самите. Посветете внимание на просторијата која ја сонувате за да знаете за кој аспект од вашата личност се работи.

-Спална соба – се однесува на љубов и секс;

-Трпезарија – напредок;

-Кујна – здравје и начин на исхрана;

-Бања – чистење и прочистување;

-Дневна соба – упатува на семејство и друштвеност;

– Ходник – промени и транзиции.

4.Лифт

Ако сонувате дека сте во лифт, тој сон зборува за вашите аспирации и правецот во кој се движи вашиот живот.

-Ако лифтот оди нагоре – стремеж кон повеќе;

-Ако лифтот оди надолу – вашите аспирации се помали од можностите;

-Не ве однел таму каде што сте сакале – имате чувство дека немате контрола над тоа што го добивате и сакате;

-Се поместува на страна – можеби е време да си поставите нова цел.

5. Брод

Ако сонувате брод, сонот ви кажува на кој начин управувате со своите емоции. Посветете внимание на морето кое го опкружува.

-Мирно море – смирено управувате со емоциите;

-Немирно море – измешани ви се емоциите и тешко управувате со нив;

-Чисто море – јасно ги забележувате своите емоции.

-Матно море – имате проблем во усогласување со своите емоции;

-Море со ајкули – не се чувствувате сигурно кога ги споделувате емоциите со другите;

-Ве напаѓаат ајкули – преплавени сте со емоции.

6. Темнина

Ако сонувате дека сте во мрак или на темно место како што се пештера и подрум, тоа е сонот за вашите скриени делови. Тие соништа ви укажуваат дека делови од себе сте ги запоставиле, отфрлиле или одлучиле да ги игнорирате, бидејќи не ви се допаѓа што зборуваат за вас.

7.Црква или спиритуална локација

Ако се наоѓате на место кое за вас има духовно значење, како што е црква или манастир, сонот ви говори за духовната состојба.

8.Работното место

Сонувањето дека сте на работното место може да биде обработување на она што ви се случило во текот на денот. Може да ви открие и дали треба на нешто да поработите во животот, било да е во прашање кариера, врска или нешто друго.

9. Судница

Ако сте во судница, значи се чувствувате како некој да ве осудува или како вие да осудувате некого.

10. Хотел

Хотел во сонот може е порака дека е време да земете малку одмор или сте подготвени за промени. Посветете внимание на својот вистински живот за да сфатите за што се работи.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....