7.8 C
Скопје
06:56 - 2 април, 2026

Брзо и лесно отстранете ги непријатните мириси од фрижидерот

Фрижидерот е место каде што се складира различна храна. Токму таа храна ставена на едно место, предизвикува и мешање на мириси, кои можат да предизвикаат чувство на непријатност при секое отворање на вратата на фрижидерот.

За да ја спречите ваквата појава, направете освежувач за во фрижидер.

Kога ќе го исчистите фрижидерот и убаво ќе ги избришете полиците, пред да ги вратите намирниците на место, посипете по целата површина на фрижидерот сода бикарбона. Потоа затворете ја вратата и оставете така да отстои околу 30 минути. Откако ќе помине потребното време, отворете го фрижидерот и повторно пребришете го за да ја отстраните сода бикарбонатата.

Потоа вратете ги намирниците на свое место.

За да се осигурите дека мирисот на чисто ќе трае и во следните неколку дена, во некој мал сад ставете сода-бикарбона и оставете ја да стои во фрижидерот. На тој начин ќе спречите ширење на лоши мириси секогаш кога ќе посегнете по нова храна во фрижидерот.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....