-5.2 C
Скопје
05:18 - 24 ноември, 2024

Бидете си себеси приоритет, од тоа зависи вашето здравје

Секоја жена – мајка, сопруга, ќерка, пријателка, треба да одвои дел од денот во кој ќе биде сама. Одвоена од сите и посветена сама на себе. Така ќе ја обнови силата, ќе го намали стресот, ќе биде поздрава личност и ќе има поквалитетни односи со околината.

Бидете си себеси приоритет, бидејќи од тоа зависи вашето здравје

Стресот и недостатокот од сон го слабеат вашиот организам, па станувате поподложни на разни здравствени проблеми и болести. Често сами себеси премногу се заморувате со секојдневни обврски, така што не можете да одвоите ниту половина час за одмор, а да не зборуваме за хоби кое ќе ве развесели и релаксира. Поради тоа на крајот патите и физички и психички.

Бидете си себеси приоритет, работата секогаш може да почека

Работата не смее да ви стане приоритет и центар околу кој ќе се врти сè во вашиот живот. Работните обврски мораат да почекаат кога се во прашање важни работи. Немојте да го одложувате одењето на лекар поради работа и да се убедувате како ништо лошо нема да се случи ако пропуштите некој преглед кај специјалистот. Можеби вам ви се чини дека некој проект на кој работите бара 100% од вашето внимание па затоа на него го трошите и слободното време, но тоа е погрешен чекор кој многумина го прават. Работата е работа, а слободното време користете го за да се одморите.

Љубовната врска ќе ви биде поквалитетна ако себеси сте си приоритет

Нема ништо лошо во тоа да водите сметка за потребите на партнерот, ако тоа го правите на штета на својата потреба. Вашата врска ќе изгуби на квалитет. Ако не научите јасно и гласно да ги изразувате своите сомнежи, чувства и желби, после кратко време ќе се чувствувате запоставено.

Ќе бидете подобра мајка и пријателка

Не се чувствувајте виновни поради тоа што своите потреби ги ставате пред потребите на другите. Мислите дека вашето семејство или пријатели не забележуваат дека сте нервозни и изморени? Тие одлично знаат кога се чувствувате лошо. Не можеме секогаш да бидеме добро расположени и нервозата е вообичаена работа. Меѓутоа, кога е во прашање хроничниот стрес тогаш се случува премногу емотивно да реагираме и не ги гледаме работите во вистинско светло.
Тоа може да доведе до многу недоразбирања и непотребни расправи. Затоа внимавајте на себе, дозволете си себеси секојдневно барем половина час повлекување во својот свет, опуштете ги мислите, вдишете со полни гради и наполнете ги батериите за остатокот од денот. Кога сте среќни, тогаш сте им најдобри на најсаканите.

Бидете си себеси приоритет и ќе имате внатрешен мир

Не чувствувајте вина поради тоа што своите потреби ги ставате пред потребите на другите. Имате потполно право да си бидете приоритет, бидејќи така ќе постанете подобар човек и ќе го остварите толку посакуваниот внатрешен мир кон кој сите тежнееме.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....