0.8 C
Скопје
02:43 - 10 март, 2026

Ања Рубик гола на насловната на „Вог“, прати силна порака за абортусот

Полското издание на „Вог“ им оддаде почит на жените кои се борат за повлекување на конзервативниот закон за абортус. На фалената насловна страница на „Вог“ се наоѓа голата светска топмоделка и активистка Ања Рубик.

Instagram

Покрај тоа што е гола, Ања позирала со црвена молња на образот, што стана симбол на бунтот на жените во Полска поради дополнителните забрани за абортус. На фотографијата, интимните делови од нејзиното тело се покриени со црвено платно, со кое ѝ се врзани рацете.

Instagram

Освен тоа што позираше на фотографиите на насловната и на страниците на полското модно списание, самата Ања го осмислила нивниот концепт и фотографирањето.

Како што рекла, ова е најзначајната насловна страница во нејзината кариера.

Правото на избор на жените е тест за здраво и прогресивно општество. Овој момент ќе го одбележи полското општество во следните децении. Правото на репродукција е основно човеково право, тоа ни гарантира слобода да одлучуваме за своите животи, тела, здравје и судбина – рекла манекенката.

Instagram

Насловната на полскиот „Вог“ брзо се прошири на социјалните мрежи. Многумина го споделија како поддршка за протестите што се одржуваа во Полска со денови откако Уставниот суд донесе одлука за забрана на абортусот дури и кога се идентификувани вродени малформации на фетусот. Меѓутоа, под притисок на јавноста, спроведувањето на таа одлука, сепак, е одложено.

Instagram

Полска е веќе една од најконзервативните земји кога станува збор за абортусот. Досега, абортусот беше дозволен само во случаи на инцест, силување или ако животот на мајката е во опасност.

Слични објави

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо

Секојдневие без монотонија: 5 начини да внесете радост во вашиот живот

Еспресо

Морската сол содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето

Еспресо
Се вчитува....