7.8 C
Скопје
21:10 - 31 март, 2026

4 работи што мажите не можат да ги смислат за време на секс!

Но жените најчесто се грижат за она што мажите не го ни забележуваат. Сепак, постојат одредени работи што тешко ќе ви ги простат. За среќа, не се многу.

Постојат само неколку грешки што мажите тешко ги простуваат, а еве за кои станува збор…

Споредување

Она што ниту еден маж не го сака е споредувањето! Па така, ако за време на односот случајно споменете некоја анегдота од претходните врски, веднаш ќе изгуби волја и тоа не само за интимен однос… Но тоа е сосема разбирливо! Сигурно и вие не би сакале да слушате за атрибутите на неговите бивши!

Зборување во деминутив

Кога разговараме со деца или им се обраќаме на животни, често користиме деминутиви. Меѓутоа, понекогаш се забораваме, па почнуваме така да му зборуваме и на партнерот. Тоа може да пројде и во секојдневниот живот, но никако не во кревет. Ако тој слушне: „Каде е моето глувче?’ откако се соблекол, нема да знае дали му се обраќате нему или на… Се разбираме.

Егоизам

Воопшто не е забавно да се биде егоист во кревет. Тоа еднакво важи и за жените и за мажите, бидејќи и на мажите може да им помине желбата за однос ако жената мисли исклучиво на себе. Иако мажите сакаат кога жените преземаат доминантна улога за време на односот, не сакаат кога тие се фокусираат исклучиво на своите потреби.

Лаги во врска со заштитата

Апсолутно неприфатливо е лажењето за заштита од бременост. Како прво, ако не сте во долготрајна врска, мора да користите кондом. Тогаш не важи она: „Земам контрацепциски таблети, не ни треба кондом.“ Дури и ако сте подолго време со партнерот, а тој не сака деца, не е во ред да го лажете дека земате апчиња. Секако дека ова би требало да се подразбира, но често се случуваат овие работи. И мора да ви биде јасно дека тоа тешко ќе ви го прости партнерот.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....