3.8 C
Скопје
20:42 - 21 декември, 2024

Седум работи кои жените најчесто ги кријат од своите партнери!

Не е никаква тајна дека жените сакаат да бидат помалку мистериозни и речиси секоја од нив има некои свои мали тајни кои вешто и со причина ги чува и крие од својот маж. 

Во продолжение прочитајте за некои од тајните кои жените најчесто ги кријат од своите партнери:

1. И раскажува сѐ на својата најдобра другарка

Речиси да нема жена која на својата најдобра другарка не и раскажува во детали работи кои и се случуваат во нејзината врска, без разлика дали станува збор за активности во спалната соба или нешто друго. Колку и да е добра комуникацијата со партнерот, ретко постои жена која со него разговара за сите тајни кои инаку би и ги раскажала во четири ѕида на својата најдобра другарка.

2. Од својот партнер го крие бројот на сексуалните партнери

Многу мажи често се прашуваат со колку мажи има спиено нивната партнерка пред да биде со него, но малку од нив ќе одговорат искрено. Тоа најчесто го прават од желба да не изгледаат промискуитетно или затоа што не сакаат да се сеќаваат на некои од нив.

3. Влакненца по телото

Влакненцата се и понатаму табу-тема и голема е веројатноста да не постои жена која на својот партнер би му се пофалила со влакнести нозе.

4. Фантазираат за некој друг додека се со него

И во врска, жените фантазираат за секс со згоден странец, односно за жешки игри без обврски и притисок на секојдневието. Поделете ја својата желба со партнерот, па препуштете се на ова сочно сценарио заедно.

Фото: Профимедиа

5. Имаат „нечисти“ мисли

Жените за сексот фантазираа често, исто како и мажите, ако не и повеќе од нив. Би било добро тие желби да се претвораат во реалност, а тоа ќе се случи само под услов да му ги соопштат на партнерот. Само така заедно ќе уживаат во сексусалниот занес.

6. Глумат оргазам

Жените сакаат да им угодат на своите партнери. И самите мажи често зборуваат дека ги возбудува како нивните партнерки доживуваат оргазам. Жените знаат дека и со лажниот оргазам ќе ја вратат насмевката на лицето на својот човек и истовремено ќе го подигнат неговото его и самодоверба.

7. Уште се во контакт со некој свој поранешен партнер

Tој контакт најчесто го одржуваат преку социјалните мрежи, а тоа многу лесно може да се забележи кога жената го крие својот мобилен телефон или кога избегнува да видите некои нејзини работи на лаптопот.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....