12:18 - 3 април, 2026

Попоски најавува: Страшно невреме доаѓа и во Македонија, еве ги деталите

– Страшното невреме во Словенија, и катастрофалните поплави со себе однесоа неколку човечки животи.

Невремето забрзано се шири низ целиот балкан, а денес во попладневните часови и во текот на ноќта ќе ја зафаќа Македонија и тоа почувајќи од западните предели. Во најголем дел од државава ќе има интензивни поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни електрични празнења, како и појава на град кој локално би можел да биде и крупен.

Оваа голема нестабилност, поврзана со студен фронт од север, како и со Џеновскиот циклон од денес навечер од запад ќе се поместува кон исток од Македонија, и најсаилна ќе биде во централните предели од државава. Можни се штети поради очекуваното невреме и во Македонија, како и локални поројни поплави.

И според нашата алатка за рано предупредување на невреме “NOTHAS”, се очекува големо невреме на повеќе места низ Македонија, и истата проценува ниво 3 за денес попладне и навечер (тоа значи засилен развој на грмотевични облаци и временски непогоди).

Апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, но и да не излегуваат од своите домови додека трае невремето.

Од утре, под влијание на значително посвеж воздух од север, температурите ќе опаднат за околу 10 степени, а во северните предели и за повеќе од 10 степени. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од западен и од северозападен правец. Утре исто така сеуште ќе има локални врнежи од дожд и грмежи, а потоа следува период на стабилно и суво време, со значително свежи утра – вели метеопрогнозерот Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо
Се вчитува....