08:39 - 14 ноември, 2026

(Видео) Сталоне со сопругата снимаат реално шоу: Додека колегите штрајкуваат, фановите се радуваат на „Семејството Сталоне“

Силвестер Сталоне (77) и неговата сопруга Џенифер Флавин (54) беа забележани на снимањето на реалното шоу „Семејството Сталоне“ во Калабасас и покрај тековниот штрајк на SAG-AFTRA, односно на филмаџиите во Холивуд.

И покрај фактот што работата во филмската и телевизиската индустрија е запрена, а датумите на прикажување на многу филмови се одложени, ѕвездата на Рамбо инсистира да го снима своето семејно шоу. Актерот се држеше за рака со сопругата додека одеа по улица.

Сталоне за оваа пригода облече сива кошула со црни панталони и соодветни црни чевли, а неговата стилска сопруга изгледаше шик како и секогаш во кремасто бел фустан, кој гоискомбинира со црни штикли и црна клач чанта.

Минатиот јуни, парот ја шокираше јавноста кога објавија дека планираат да се разведат. Неколку недели по веста, тие решија да му дадат уште една шанса на својот брак и ги надминаа своите проблеми.

Двојката ги има ќерките Систин (24), Софи Роуз (26) и Скарлет Роуз (20), кои заедно со нивните родители глумат во реалното шоу кое фановите толку многу го очекуваат, насловено „Семејството Сталоне“.

Одлуката на Сталоне да го снима реалното шоу дојде откако холивудските актери стапија во штрајк на почетокот на минатиот месец, кога пропаднаа разговорите со студијата, бидејќи им се приклучија на филмските работиници и ТВ писателите, што го влоши прекинот на многу емисии и филмови. За прв пат по четири децении, SAG-AFTRA и WGA стапија во штрајк барајќи повисоки приходи, подобри работни услови и заштита од вештачката интелигенција, за која стравуваат дека може да ги замени актерите и писателите.

Слични објави

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо
Се вчитува....