8.8 C
Скопје
04:34 - 4 април, 2026

Попоски најавува нова тура снежно провејување и постудено време, еве кога

– Следува период на променливо облачно и студено време со сончеви периоди. Особено денес и повторно во вторник локално ќе има послаби врнежи од снег. Повремено ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието.

Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите понекаде ќе се спуштат близу – 10 степени, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Повремено ќе дува умерен до засилен северен ветер. Барем отсега гледано, во текот на следната недела се очекува продор на уште постуден воздушен бран од север и уште пониски температури на воздухот.

Но дали ќе има и повеќе снег останува да видиме што ќе кажат најновите анализирања на времето. Следете нè! – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....