16:45 - 6 април, 2026

Попоски најавува ИНТЕНЗИВНИ и ОБИЛНИ повремени врнежи од дожд и снег на планините

– Во текот на оваа седмица нашата територија ќе се наоѓа под влијание на ИЗРАЗЕНО ЈУЖНО воздушно струење и циклонска активност од запад. Ќе дува умерен до  ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец а ќе има и повремени врнежи од дожд. Истите повремено и локално ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и ОБИЛНИ.

На високите планини ќе има врнежи од снег, и тоа особено во западните предели и ќе се формира нова снежна поквривка.

Температурите како утринските, така и максималните дневни ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ за овој период од годината и максималните дневни температури речиси насекаде ќе се искачуваат над 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат до околу 20 степени.

Да напоменеме дека за време на оваа циклонска активност, локално ќе има услови и за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер. Можно е овие процеси да бидат застапени и во форма на НЕВРЕМЕ. Во Скопје ќе имаме слично време. Во случај на појава на силен јужен ветер, како и на појава на невреме, препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, исто така гражаните во случај на појава на силен ветер своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата, со цел да не дојде до некоја штета – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски на напоменува:

Поради силното јужно и југозападно струење, оваа седмица од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена – заклучува Попоски.

Слични објави

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....