23:35 - 10 ноември, 2026

Попоски: Еве кој ден ќе ви треба чадор

– До крајот на оваа недела во Македонија продолжува периодот на променливо облачно време со сончеви периоди. Само во сабота ќе има појава на локален слаб дожд, додека на повисоките места и на планините ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од минус 5 до 2 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Само во сабота ќе има услови за локално проврнување на дожд, додека на околните планини ќе провејува слаб снег. Наутро температурите ќе се спуштат до околу – 1 степен а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 8 и 9 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....