-3.2 C
Скопје
00:56 - 9 февруари, 2023

Сакаше да избега од лудилото на современиот свет: Скромната животна приказна на гламурната убавица Татјана Патиц

Супермоделката имаше неколку љубовните врски, но се успеа да роди дете. Подоцна, посвои син и одлучи животот да му го посвети нему и на домашните миленичиња.

instagram

На 11 јануари, на 56-годишна возраст, почина супермоделката Татјана Патиц. Вчера, нејзината агентка Корин Николас потврди дека причината за нејзината смрт бил ракот на дојка. „Таа ги остави синот, сестрата и родителите. Сите сме скршени од болка од нејзиното заминување. Беше сочувствителна, дарежлива и страсна за правата на животните“, рече Корин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tatjana Patitz (@tatjanapatitz)

Зад себе остави над двестотини насловни страници

Од самиот почеток се разликуваше од другите „девојки“. Додека некои убавици едвај чекаа да одат на забави после ревиите – Татјана си одеше дома да спие. Други имаа афери со рок и филмски ѕвезди, а таа беше и остана секогаш сама. Патиц никогаш не сакала да биде модел. Според нејзините зборови, „тоа едноставно се случи“. Зборот „супермодел“ влезе во нашите животи во раните 90-ти години, откако на насловната страница на францускиот „Вог“ се појавија петте грациозни убавици: Наоми Кемпбел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон и Татјана Патиц. Татјана беше единствената ненасмеана на фотографијата, со очи на мачка и експресивни јагодички, и веќе се разликуваше од другите.

Иако беше најбарана од најславните модни дизајнери и ги прошета нивните колекции на модните писти или позирајќи во нивни креации: од Шанел и Карл Лагерфелд, Хелмут Ланг и Џил Сандер, Долче и Габана, Версаче, Ралф Лорен, Дона Каран, Тод Олдам, до Валентино, таа ги игнорираше општествените настани, рефлекторите, забавите, затворена во својот свет на поезијата. Меѓу фотографите кои ја овековечија нејзината убавина беа Питер Линдберг, Херб Ритс и Патрик Демаршелие, додека Ени Лејбовиц ја избра во 2012 година, тогаш на 46-годишна возраст, за реклама за фармерки (објавена во „Вог“) кои беспрекорно ѝ прилегаа, како да е вечна девојка.

инстаграм

Убавица со импресивна библиотека

Беше една од, можеби ретките, убавици која многу чита, пишуваше поезија и беше преокупирана со еколошките прашања. „Главната работа што ја разбрав во животот е дека човек може да биде задоволен со малку“, неодамна рече во едно интервју, кога радосно одлучи да се пресели во Малибу, отворајќи ги вратите на нејзиниот дом за новинарите. Стар ранч уреден во шпански стил, со штала и поглед кон океанот. Не многу голем дом, но преплавен со сончева светлина, огромна библиотека, дневна соба со нагласен висок таван, мебел купен од пазар или рециклиран (направен по нарачка), сувенири донесени од најразлични делови на светот, и градина. Од љубов кон јавањето си направи и штала за три коња. Јавачот сама се грижеше за своите животни. Не сакаше да јаде месо и беше гласен противник на носење крзно.

„Долго време барав место каде што би можела да се изолирам од лудилото на современиот свет. И конечно го најдов совршениот дом за себе и за мојот син Јона“, рече. Така, зад високите борови, грмушки и портокалови дрвја, Татјана Патиц одлули да започне нов живот. Со четирите кучиња, неколку мачки, канаринци…

инстаграм

За разлика од материјалните вредности, културата е вечна

„Купувањето скапи, луксузни работи едноставно е непрактично. Луксузните работи кај мене дома едноставно не би си нашле место. Не правам култ од работите. Така ме научија моите родители. Тие не беа богати, но во куќата секогаш бевме опкружени со вистински богатства – музика, книги, слики… За разлика од материјалните вредности, културата е вечна. Направив прозорец на таванот од мојата спална соба и сега можам да се разбудам со сонцето и да заспијам под ѕвездите“.
Татјана е родена во Хамбург во естонско и германско семејство, мајка – танчерка, татко – писател. Подоцна, таа и нејзиното семејство се преселиле во Стокхолм, каде што агент ја забележал во еден од супермаркетите и ѝ понудил договор. Така започнала кариерата на Патиц.

инстаграм

„Таа беше многу помалку забележлива од нејзините врсници, но помистериозна, позрела, понепристапна. И токму во тоа беше нејзината привлечност“, рече Ана Винтур, уредничката на американскиот „Вог“.
Глумеше во четири филмови и во неколку телевизиски серии. „Никогаш не сум ја продала душата. Не сакам да правам ништо заради слава, пари, гламур или нешто слично…“ – рече во едно неодамнешно интервју естонско-германската убавица

Слични објави

(Фото) Нашата Тијана Петреска се враќа со титула од светскиот избор за најубава студентка

Еспресо

(Фото) Мадона во нејзин стил се пресмета со зајадливите коментари – „Поклонете се кучки“

Еспресо

(Фото) Тажното писмо на Бланко со кое се извинува за скандалот на Сан Ремо: „Ве оставив во солзи како мајка ми, ме видовте кревок како дете…“

Еспресо

(Видео) Полуден пејач направи ‘ршум на Сан Ремо, ја шокираше публиката, го испратија со свирежи

Еспресо

Ѕвезите ќе им помогнат: Два хороскопски знаци многу брзо ќе ги исполнат соништата

Еспресо

Славчо Попоски: Грч студени утра, висок воздушен притисок, а еве кога ќе има мал пораст на температурите

Еспресо
Се вчитува....