8.8 C
Скопје
13:43 - 22 декември, 2024

По самоизолацијата адвокатите ќе ги тријат рацете: Многумина дури сега ќе сфатат дека браковите им се пропаднати

Некои луѓе животот во карантин поради коронавирусот го доживуваат како празничен одмор, но тоа не е задолжително така, бидејќи заедничкото престојување подолг времески период во еден ист затворен простор може да влијае на врската, на нејзино влошување или дури да доведе и до развод.

Ова предупредување минатата недела во британскот парламент го изнесе адвокатка која се занимава со бракоразводни процеси во Британија, Фиона Шекелтон.

Таа наведува дека адвокатите во нејзината бранша предвидуваат веројатен раст на разводите поради самоизолацијата.

Хардип Дилон, советникот за семејно право во адвокатската компанија „Ричард Нелсон“ вели дека по Божиќ, кога семејствата вообичаено поминуваат поголем дел од времето заедно, британските адвокатски канцеларии бележат раст на бројот на пребарувања на интернет во сегментот „јас сакам развод“ од неверојатни 230 проценти.

– Сега се очекува сличен тренд во Велика Британија, особено по извештаите од Кина за зголемувањето на бројот на парови кои сакаат да се разведат по долгиот период поминат во карантин поради пандемијата на коронавирусот… како и за време на Божиќ, долгото време поминато заедно во изолација ја зголемува напнатоста во односите, пред се таму каде проблемите веќе постојат, додава Дилон.

Чувството на неизвесност во поглед на парите, работното место и здравјето кое го создава коронавирусот, како што објаснува, ги проблематизира односите на паровите во самоизолација.

Со ова се согласува и Селма Бат, шефицата за семејно право во адвокатската куќа „Фриман Харис“ која наведува дека овој период на изолација би можел да се покаже како тежок за паровите, со оглед на тоа дека не се знае кога ќе заврши целосната здравствена и финансиска криза и кога ќе биде укинат карантинот.

– Долгиот период во затворен простор може да стане експрес-лонец кој само чека да експлодира, изјавија експертите.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....