3.8 C
Скопје
21:05 - 20 декември, 2024

„ПИЕДЕСТАЛИНГ“: Тренд во љубовните врски кој треба да го знаете

пар состанок

Дали некогаш сте се чувствувале дека вашиот партнер да е „надвор од вашата лига“ или дека неговите/нејзините потреби имаат предност пред вашите? Овој феномен во односите сега се нарекува – „пиедесталинг“ (од зборот пиедестал). Таквиот пристап може да биде проблематичен за воспоставување на рамноправна врска.

„Пиедесталинг“ е термин измислен на социјалните мрежи и значи ситуација во која гледате некого како недостижен партнер, кој е далеку подобар од вас. Тоа често е начин да се избегне соочување со сопствените проблеми, вели експертот за врска Џо Барнет(46) од Лондон.

Таа тврди дека „пиедесталинг“ се манифестира на два начина

Прво, постои очајна потреба да го поправите вашиот партнер во обид да го задржите вниманието на него. Притоа, постојано размислувате за тоа како вашиот партнер може да се подобри, но не и за тоа што можете сами да направите за да бидете подобра личност.

Друг вид „пиедесталинг“ е кога некој толку го цени и фали својот партнер што всушност верува дека воопшто не е доволно добар за да биде со него.

Џо вели дека има многу причини зошто покажувате знаци на „пиедесталинг“ и често се работи за ниска самодоверба, потсвесна само-саботажа или самозаштита.

пар љубов состанок

„Ако сакате да го промените некого, во основа го цените изгледот повеќе отколку квалитетите што ги има некој. Потоа се обидувате да го натерате партнерот да стекне некои особини, наместо од старт да пронајдете некого врз основа на неговите/нејзините карактеристики. Овој тип на размислување води кон врска во која една личност има само своја фантазија за друга и не се грижи за неговите вистински потреби“, објаснува Џо.

Од друга страна, истражувањето на Џенифер Томлинсон, психолог од „Универзитетот во Њујорк“, откри дека прекумерната пофалба на партнерот може да биде штетна за врската.

„Луѓето кои се чувствуваат премногу идеализирани можат да добијат поголема моќ во врската, така што се помалку подготвени да го стават својот партнер на прво место“, вели таа.

Џо Барнет го открива најдобриот совет за препознавање на овој вид однесување.

„Обрнете внимание на тоа како комуницирате – дали ви е удобно, или е еднострано, или имате чувство дека постојано бркате некого? Треба да биде избалансирано, здраво, не сакате токсична комуникација. „Вашата врска треба да го подобри вашиот живот, а не да го комплицира“, рече таа.

Извор: „Live Science“

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....