-0.2 C
Скопје
04:33 - 21 јануари, 2025

Песната „Radio Ga Ga“ слави 36-ти роденден: Дали знаевте дека во неа се зборува за Черчил и инвазија на Марсовци? (ВИДЕО)

Една од најпознатите песни на групата „Queen“, „Radio Ga Ga“, која е прва од албумот „The Works“ од 1984 година, денеска го слави 36-тиот роденден.

Песната за првпат е објавена на 23 јануари, а ја напиша тапанарот на групата Роџер Тејлор, врз основа на зборовите „радио ка ка“, кои ги слушнал од своето мало дете.

Тапанарот зборовите „ка ка“ многу лесно ги променил во „га га“, термин врз основа на кој пејачката Лејди Гага подоцна доби инспирација за своето уметничко име.

Песната всушност е коментар на сѐ поголемата популарност на телевизијата, која го стави радиото во втор план.

Во нумерата се наоѓаат и референци од два големи радио настани во 20 век.

Првиот е моментот кога Орсон Велс, кој во 1938 година ја емитуваше „Војна на световите“, радио драма направена врз основа на истоимениот роман на Херберт Џорџ Велс. Драмата радио театар Меркур се емитуваше на „Си-Би-Ес“, како специјална емисија за Ноќта на вештерките, 30 октомври 1938 година.

Оваа радио драма влезе во историјата на медиумите по начинот на кој беше реализирана: Како директен пренос на инвазија на Марсовци на Земјата, направен толку убедливо што многу слушатели ширум Америка кренале паника, мислејќи дека тоа навистина се случува.

Во песната „Radio Ga Ga“ стихот „Through wars of worlds/invaded by Mars“, се однесува токму на споменатата епизода.

Од друга страна, стиховите „You’ve done yet to have your finest hour“, потсетуваат на говор кој Винстон Черчил го упатил од Домот на комуните на 18 јуни 1940 година, откако Франција побарала примирје со Нацистичката германска средина во јуни 1940 година.

Роџер Тејлор сакал оваа песна да биде дел од неговиот соло албум, но откако остатокот од бендот ја слушнал, тие сметале дека таа одлично ќе се вклопи со звукот на „Queen“.

На крај излезе дека биле во право, бидејќи таа набргу стана вистински мегахит кој се пее и ден денеска.

Песната официјално е објавена на 23 јануари, 1984 година, иако спотот е снимен во ноември 1983 година, а го режирал Дејвид Малет.

Во видеото за песната се наоѓа и сцена од научно фантастичниот филм „Метрополис“. Бендот лета над градот во автомобил, а подоцна настапува на бина која потсетува на сцена од филм.

Песната беше прва на топ листите во Белгија, Данска, Финска, Ирска, Шведска и Холандија, додека на листата од 100 најслушани песни во САД, „Radio Gaga“ се најде на 16. место.

Во 2008 година овој спот беше објавен на официјалната Јутјуб страница на бендот, а до денеска собра повеќе од 160 милиони прегледи.

Слични објави

Милан Калиниќ донесе одлука по разводот: „За три-четири месеци ќе ја видите мојата…“

Еспресо

(Фото+видео) Милош Биковиќ и Ивана Малиќ уживаат со синот: Малиот Василије воодушевен од магијата на зимата

Еспресо

(Фото) Катарина Грујиќ го слави Свети Јован: Домашна атмосфера во семејната вила, пејачката ја покажа масата

Еспресо

(Видео) Дарко ѝ пееше на уво на свеската! Сестрата на Катарина силно го прегрна, не можеа да ги задржат емоциите

Еспресо

(Фото) Лепа Брена „искешира“ 20.000 евра за одморот на Тајланд! Со Боба уживаат во луксузно одморалиште, еве што им е на располагање

Еспресо

Конан О’Брајан ќе биде водител на 97. доделување Оскари

Еспресо
Се вчитува....