6.9 C
Скопје
04:14 - 1 април, 2026

Осмо светско чудо: Црква во Етиопија која се наоѓа под земјата! (ФОТО)

На ова подрачје има вкупно 11 цркви, околу кои има големи карпи, а кои се наоѓаат на листата на Унеско и се сметаат за Светско културно наследство, но токму црквата Свети Ѓорѓи се смета за најпозната.

Црквата Свети Ѓорѓи се наоѓа во Лалибели во Етиопија, а често се категоризира како осмо светско чудо.

Станува збор за монолитна црква и место за монасите и верниците на Етиопската православна црква.

Иако на прв поглед се чини како да е пропадната во земјата, таа всушност е градена во правец одозгора па надолу.

Нејзината изградба ја порачал етиопскиот крал Гебре Мескел Лалибела, од династијата Загај, кон крајот на 12 век, бидејќи сакал да создаде нов Ерусалим.

Доколку ја гледате црквата од воздух, ќе ви се чини невозможно да се влезе во неа.

Но, не грижете се, бидејќи во близина е направен кањон кој се претвора во тунел, кој води директно до црквата.

Во црквата се наоѓа едноставен олтар посветен на Свети Ѓорѓи и реплика од ковчег во кој се наоѓале камени плочи од Десетте божји заповеди.

Другиот дел од црквата не е отворен за јавноста.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....