1.8 C
Скопје
07:56 - 10 март, 2026

„Новиот почеток“: јубилеен концерт без ограда во сабота

Новиот Почеток, стилизирано како Noviot Pochetok, исто така познати и како The Beginnings (за интернационална употреба) е еден од најдолго-свиречките музички групи во македонската музичка историја.Бендот започнува во 2002 година и е препознатлив по своите ултра-енергични и експолозивни настапи во живо. До сега имаат отсвирено преку 250 концерти и 8 европски турнеи во последната декада – што ги прави еден од малкуте домашни бендови кои успеале тоа да го остварат до сега.

Со 4 албуми на македонски и 1 „најдоброто од“ албум со препев на англиски зад нив, тие го промовираат своето најново, 6-то издание – повторно на македонски, каде ако не – во Младинскиот културен центар. Албумот е сниман, продуциран и мастериран од страна на Ненад Трифуновски – Трипе (кој го сними и првиот албум во 2005 година!) и Филип Тасевски – Fitz aka Feetz (август 2021 – јули 2022). Тапаните се снимени во Кино Фросина, МКЦ, Скопје / сé останато во пробувалната на бендот во Макотекс.

Оваа сабота (25 март), со почеток од 20 часот ќе се одржи јубилејниот концерт и промоцијата на новото издание „Endless Endeavors“. Најавени се и гости, групите „Dimish“ и „KEM“, дел од новата генерација на фантастични артисти.

Дизајн на постер: Филип Тасевски – Fitz aka Feetz, илустрација: DALLE-2. Фотографија од бендот: Стефан Рајхл.

Билетите по цена од 300 ден. се достапни на билетарница во МКЦ и bileti.mkc.mk

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....