-2.2 C
Скопје
19:37 - 22 декември, 2024

„НЕ ПОСТОИ Г-ТОЧКА“: Експерт за секс ги открива најголемите заблуди за сексот

секс

Експертот за секс Трејси Кокс за „Дејли Меjл“ откри кои се некои од најголемите заблуди кога станува збор за сексот. Списокот веројатно ќе ве изненади.

Никој навистина не знае која е просечната големина на пенисот

„Не постои студија која ја докажува просечна големина на пенисот и многу е малку веројатно дека некогаш ќе постои. Еве зошто: многу малку мажи се подготвени да дозволат научниците да го измерат нивниот пенис. Речиси сите спроведени студии се потпираат само на мерења кои се неверодостојни и еден куп претпоставки. Фокусот е секогаш на должината, а не на опсегот“, вели Кокс.

На жените не им треба повеќе време за да се возбудат од мажите

„Повеќето луѓе веруваат дека примарната функција на предиграта е да ги возбуди жените и дека на мажите тоа воопшто не им е потребно. Постојат докази дека подолгата предигра води до повисоки нивоа на задоволство, и кај жените и кај мажите“, вели таа.

Нема смисла да уринирате после секс

„На повеќето жени кои имале инфекција на уринарниот тракт им се кажува да уринираат после секс за да ги намалат шансите за повторна инфекција. Идејата е да уринираат за да ја исфрлат секоја бактерија што влегла
во уретрата за време на сексуалниот однос. Нема докази. Жените сè уште имаат 30 пати поголема веројатност да заболат од инфекција на уринарниот тракт, бидејќи нашата уретра е блиску до вагината и анусот и бактериите лесно се шират. Нашата уретра е исто така пократка, така што бактериите можат полесно да стигнат до мочниот меур“, додава Трејси.

Вибраторот не е измислен за да му ја олесни работата на докторот

„Постои една многу возбудлива и забавна приказна која вели дека вибраторите биле измислени за лекарите да ги користат кај жени кои боледуваат од хистерија. Хистеријата е термин што го користеле лекарите за да опишат секаков вид женски симптоми поврзани со стрес или анксиозност во 1880-тите. Лекот за хистерија била докторот да ја задоволи пациентката и да ја доведе до оргазам. Но, нема литература или податоци што би можеле да обезбедат некаков доказ дека лекарите некогаш ги третирале пациентите на овој начин“, открива Кокс.

Клиторисот нема двојно повеќе нервни завршетоци од пенисот

„Постојано се пишува дека клиторисот има 8000 нервни завршетоци само на врвот (фрагмент што можете да го видите). Ова е тврдење кое се појавува дури и во учебниците. Сепак, вистина е дека не постојат студии кои ни кажуваат колку нервни завршетоци има во пенисот или клиторисот“, вели таа.

Не постои Г-точка

„Повеќето од вас веројатно не се изненадени од овој факт. Зошто овој термин е сè уште вообичаен? Бидејќи е полесно да се користи за да се опише многу чувствителна област во вагината отколку (попрецизниот) терминот „преден ѕид“ или „внатрешна стимулација на клиторисот / уретрата“. Списанието „Cosmopolitan“ минатата година се извини што го користеле терминот Г-точка и интензивно го промовирале низ годините. Тоа не е посебен анатомски ентитет“, заклучи таа.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....